6 новогодишни трендови за уредување кои ќе доминираат за 2025/26 (и 3 што се „аут“)
Ralph Lauren украсувањето со богати новогодишни дезени е вистински хит и ќе го гледаме насекаде, но во тренд се враќаат и ретро декорациите како во 90-тите. Кои трендови за новогодишно украсување владеат сезонава, а кои веќе не се во мода?

Празничната сезона полека но сигурно веќе ни се приближува, а магијата наскоро ќе биде насекаде околу нас.
Нетрпеливите веќе ги украсија своите домови, а другите можеби веќе викендов ќе се пуштат во акција со почетокот на декември.
Ако мислевте дека трендови не постојат во новогодишно декорирање, се лажете.
Ви ги претставуваме трендовите кои ќе владеат за сезоната 2025/26:
Божиќ во Ralph Lauren стил
Класичен сезонски декор со луксузен, но скромен изглед, карирани шари, кадифени материјали и бои кои ја отсликуваат зимата.

Оревокршачи
Легендарна божиќна декорација која повторно се враќа во мода, а во 2025-та стануваат многу попопуларни, од луксузни украси, до „направи сам“ изработки.

Декорации во огромна големина
Прекумерно големи орнаменти, панделки или украси, ќе додадат драма во просторијата, а со неколку декорации ќе постигнете голем ефект.

Панделки
Иако можеби никогаш не излегле од мода, сепак сега се „додаток на сезоната“, а панделките во богати материјали и впечатливи бои ќе ги гледаме насекаде, мали или големи.
