Направете лебдечка елка во 4 чекори

Ако веќе ви здосадија традиционалните новогодишни елки и сте во потрага по идеја која ќе ги одушеви и вашите домашни, но и вашите гости, тогаш оваа лебдечка елка е вистинскиот избор.

napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-001.jpg

Различна од сите други кои имаат цврста основа, оваа елка се закачува на таванот и може да биде висока онолку колку што вие сакате.

Потребен материјал:

  • дебел картон
  • спреј во зелена боја
  • метро
  • конец
  • ножици
  • зелена леплива трака
  • силиконски конец
  • силиконско лепило
  • метална кука за закачување
  • новогодишни лампиони и светилки
  • светки (по желба)

Начин на изработка:

Ставете го картонот на рамна површина и исцртајте концентрични кругови на растојание од 5 cm. Со ножица исечете ги круговите.

Napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-02

Исечените кругови наредете ги врз стара хартија и испрскајте ги со зелениот спреј. Нанесете светки и оставете да се исушат. Штом добро се исушат, повторете ја постапката и од другата страна. Кога ќе завршите со боење, залепете ја зелената леплива трака на страничните делови од круговите, за да го покриете картонот. 

Napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-03

Куката закачете ја на таванот и на неа врзете го силиконскиот конец. На секој круг направете по осум дупчиња низ кои ќе го протнете силиконскиот конец. Наредете ги круговите од најмал кон најголем, водејќи сметка да бидат на еднакво растојание. Залепете со силиконски лепак за да застанат во саканата позиција.

Napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-04

На крајот останува уште да ја украсите елката со лампиони и светилки.

Napravete-lebdecka-elka-vo-4-cekori-05

Погледнете го целосното видео:

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за украсување на божиќната трпеза со најголемиот тренд – бордо панделки (фото) Дали и вие насекаде гледате чаши, свеќи и чинии украсени со кадифени бордо панде...
Грешки во уредувањето што е најдобро да ги избегнете – може да ве чинат многу Големо растојание меѓу завесата и подот, но и евтини лајсни на подот помеѓу кујн...
Идеи како да ја украсите терасата новогодишно (за да биде најубава од сите) Дали секогаш се восхитувате на убаво украсените тераси однадвор во новогодишниот...
6 новогодишни трендови за уредување кои ќе доминираат за 2025/26 (и 3 што се „аут“) Ralph Lauren украсувањето со богати новогодишни дезени е вистински хит и ќе го г...

Најчитани неделава