Грешки во уредувањето што е најдобро да ги избегнете – може да ве чинат многу

Големо растојание меѓу завесата и подот, но и евтини лајсни на подот помеѓу кујната и дневната кои го нагрдуваат просторот.

greshki-vo-ureduvanjeto-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnete-mozhe-da-ve-chinat-mnogu-01.jpg

Навистина е важно да избегнете што е можно повеќе грешки кога го уредувате домот бидејќи, неретко, нивното коригирање може да чини многу.

Дури и ако е ситница, како лошо избрана завеса, може да ве чини повеќе од планираниот буџет.

Па, кои се грешките на кои треба да обрнете внимание?

Големо растојание помеѓу завесата и подот

Иако ова е ситница, навистина „паѓа“ во око.

Ако завесата почнува повеќе од десет сантиметри над подот, собата може да изгледа пониско.

Најдобро е или завесата да допира до подот, или да биде само сантиметар-два над него.

greshki-vo-ureduvanjeto-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnete-mozhe-da-ve-chinat-mnogu-02.JPG

Еден извор на светлина во целата соба

Лустерот во средина на таванот веќе се смета за „реликвија“ и делува застарено.

Во многу мала просторија, во ред е да ставите еден лустер на средината кој ќе одговара со дизајнот на собата, но додајте и друг извор на светло, како столна или подна ламба.

Во поголеми простории, подобро ќе изгледаат повеќе извори на светлина на таванот.

На пример, ако ви се споени дневната соба и трпезаријата, на двете места нека има по еден лустер.

Секако, и во овој случај не ги заборавајте столните и подните ламби.

greshki-vo-ureduvanjeto-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnete-mozhe-da-ve-chinat-mnogu-03.JPG

Гарнитура залепена до ѕидот

Ова, секако, зависи од големината на собата.

Ако дневната е мала, тогаш е логично гарнитурата да биде поставена до ѕидот.

Но, во поголем простор, ваквиот распоред ја остава средината на собата празна и се нарушува хармонијата на ентериерот.

greshki-vo-ureduvanjeto-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnete-mozhe-da-ve-chinat-mnogu-04.JPG

Црни чешми и цевки

Точно е дека изгледаат стилски, но црните чешми и цевки се кошмар за чистење.

На нив ќе се познава бигор и од само една капка вода и ќе треба постојано да ги чистите.

greshki-vo-ureduvanjeto-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnete-mozhe-da-ve-chinat-mnogu-05.JPG

Дрво во различни нијанси

Ако измешате дрвени елементи во неколку различни нијанси, ќе создадете визуелен хаос.

Во секоја просторија, дрвените елементи треба да бидат со иста нијанса за просторот да делува хармонично и средено.

greshki-vo-ureduvanjeto-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnete-mozhe-da-ve-chinat-mnogu-6.JPG

Лошо одделени плочки од ламинат (или друг под)

Денес во становите обично кујната и дневната се во иста просторија. И, навистина е важно како ќе ги одделите подот од кујната и подот од дневната.

Вложете во квалитетни лајсни чиј дизајн ќе се вклопи со ентериерот на кујната и дневната, но и ќе ги заштитат подовите.

greshki-vo-ureduvanjeto-shto-e-najdobro-da-gi-izbegnete-mozhe-da-ve-chinat-mnogu-7.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5 мали промени што ќе ја освежат кујната (а не чинат многу) Кружно огледало, ѕидна ламба, впечатлив прекрива за маса – ова се ситници кои не...
12 луѓе кои со малку труд (и фантазија) ѝ дадоа нов лик на старата кујна „Со сопругот наскоро ќе се преселиме во куќата во која пораснал. Сакаме да смени...
5 грешки во уредувањето на мал стан – прават да изгледа хаотично и неудобно Немојте да трупате многу парчиња мебел во собата, па на крај да немате ни место ...
Ретро трендови за уредување бања кои повторно се хит Розови плочки, топли металик тонови на чешмите или, пак, монохроматски дезен со ...
5 грешки во уредувањето на кујната за кои сигурно ќе се каете Долги завеси кои впиваат мирис или елементи со релјеф кои ќе биде речиси невозмо...
Грешки во реновирањето на кујната што луѓето ги прават најчесто Ставате преголем кујнски остров и заборавате да ја проверите електричната инстал...

Најчитани неделава