Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Знаци дека веднаш треба да го промените начинот на исхрана (дури и ако мислите дека јадете здраво)

Чувствувате замор и јадењето веќе не ви е уживање, туку ви создава стрес.

znaci-deka-vednash-treba-da-go-promenite-nachinot-na-ishrana-duri-i-ako-mislite-deka-jadete-zdravo-01.jpg

Вишокот килограми не секогаш се знак дека се храните нездраво. Исто така, ако немате вишок килограми, не мора значи дека се храните здраво.

Но, дури и ако сте под стрес да се храните само здраво, па постојано броите калории, си ограничувате некои намирници и слично, не значи дека си правите добро.

Напротив, многу луѓе сакајќи да се хранат здраво, воведуваат престрог режим кој на крај им прави и полошо.

Покрај стресот кој доаѓа со опсесијата за здрава храна, овде и ограничувањето на некои намирници што може да доведе до недостаток на одредени хранливи материи, па да предизвика низа проблеми.

Кои се знаците дека сегашниот начин на исхрана не ви е од корист?

Недостатокот од одредени хранливи материи се манифестира преку разни физички симптоми.

Опсесијата за да се храните здраво, пак, може да резултира со психички проблеми.

Дел од знаците дека треба да го промените начинот на исхрана:

  • Постојано се чувствувате уморно, дури и откако ќе се наспиете добро.
  • Страдате од променливо расположение и раздразливост.
  • Веќе немате желба да планирате или да готвите оброци.
  • Често се случува да се прејадете или да имате силна желба за одредена храна.
  • Се чувствувате виновно или анксиозно кога ќе изедете нешто што „не треба“.
  • Често чувствувате глад.
  • Имате главоболки и проблеми со дигестивниот систем.
  • Јадењето веќе не ви е задоволство, туку ви создава стрес и грижи.

znaci-deka-vednash-treba-da-go-promenite-nachinot-na-ishrana-duri-i-ako-mislite-deka-jadete-zdravo-04.jpg

Како да го надминете овој проблем?

Штом сегашниот начин на исхрана не ви е од корист, мора да поработите на себе.

Неколку трикови што ќе ви помогнат:

Користете го правилото 80/20. Односно, 80% од оброците нека бидат здрави, а 20% од оброците нека бидат храна што навистина ја сакате, макар и нездрава.

Јадете свесно. Немојте да гледате телевизија или нешто слично додека јадете, туку фокусирајте се само на оброкот и престанете со јадење кога ќе се почувствувате сито.

Поставете си реалистични цели. Не мора преку ноќ да го промените начинот на исхрана, туку постепено воведувајте нови позитивни промени.

Бидете добри кон себе. Немојте да се критикувате ако денес сте скршнале од планот.

Побарајте професионална помош. Ако не можете да се снајдете сами, консултирајте се со нутриционист.

Не го запоставувајте квалитетниот сон и пијте доволно вода.

Избегнувајте брзи диети. Овие диети не даваат долгорочни резултати, а бидејќи се многу рестриктивни, може да ви создадат други проблеми.

znaci-deka-vednash-treba-da-go-promenite-nachinot-na-ishrana-duri-i-ako-mislite-deka-jadete-zdravo-04.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Ослабев откако почнав да јадам по 5.000 калории дневно – консумирам само месо и јајца“ Жена од Англија вели дека го добила телото од соништата откако почнала да јаде с...
„70 дена јадев само сардини – ослабев 13,5 kg и се спасив од високиот шеќер во крвта“ „Прво целта ми беше да ја намалам болката во стапалата, но сега сфатив дека имам...
Помага во слабеење, а го подобрува и здравјето: Што е антивоспалителна диета? Антивоспалителната диета се фокусира на намирници кои ги намалуваат воспаленијат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg