Брза диета според вашиот тип на градба

Диетите кои делуваат на одреден дел од телото најчесто се оние најбараните и најефикасните.

brza-dieta-spored-vasiot-tip-na-gradba-01

Постојат 3 основни типа женска градба - јаболка, крушка и песочен часовник. Одредете го вашиот тип и откријте како би требало да се храните за побрзо да ги победите килограмите.

Тип на градба - Јаболка: Посното месо го топи салото околу струкот

Кај жените со облик на телото во вид на јаболка, вишокот сантиметри најчесто се таложат во пределот на струк и стомак. Затоа, испробајте го следниов начин на исхрана:

1. Зголемете ја количината на храна богата со целулоза (житарки, мешунки)

2. Денот започнете го со свежо овошје

3. Намалете ја употребата на маснотии со животинско потекло

4. Јадете посно месо, од слатките консумирајте само суво овошје и мед, а од овошјето исклучиво цитрусни плодови. Препорачливо е да внесувате повеќе соја, риба и ореви.

5. Повеќе течности, односно водата и билните чаеви се секогаш добредојдени. Препорачлив е чајот од ѓумбир, кој е одличен пијалак за детоксикација.

brza-dieta-spored-vasiot-tip-na-gradba-02

Тип на градба - Крушка: Помалку скроб за послаби бедра

Крушкастиот тип на градба ќе го препознаете по изразени колкови и поголем задник, а тесен струк и раменици. За да го намалите обемот во долниот дел од телото, држете се до овие правила:

1. Што помалку храна богата со скроб

2. Избегнувајте маснотии од секаков тип

3. Наместо сокови, консумирајте свежо овошје

4. Јадете сирење со низок процент на маснотии, риба, морски плодови, интегрален леб, интегрален ориз...

5. Доматот содржи биоактивни супстанци кои ја регенерираат кожата и ја тонираат. Сокот од домат помага во забрзувањето на метаболизмот, па затоа е препорачлив за вашиот тип на градба.

brza-dieta-spored-vasiot-tip-na-gradba-03

Тип на градба - Песочен часовник: Килограмите лесно одат долу

Ова е најсовршен тип на градба. Жените чија фигура потсетува на песочен часовник се претежно со идеални пропорции, но склони се кон дебелеење. За да ја задржите фигурата, погрижете се да се придржувате до овие 2 едноставни правила:

1. Исфрлете ги слатките, оревите и авокадото од исхраната

2. Секој ден јадете храна богата со протеини - безмасни меса, јајца, млеко со низок процент маснотии и зеленчук

Би можело да ве интересира:

Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg