Одберете диета која ви одговара според возраста


Одберете диета која ви одговара според возраста

Сигурно досега сте пробале многу диети кои често не дале никакви резултати. Можеби ги одбирате погрешните. Не е секогаш правило да избирате според храната. Понекогаш треба да се ориентирате и според возраста.

odberete-dieta-spored-vozrasta-01

Колку сте повозрасни, толку е потешко да ја намалите тежината. Секоја година метаболизмот малку по малку се забавува и тоа е причина што со текот на годините мора многу повеќе да водите сметка за она што го јадете.

Ако имате од 20 до 29 години

Луѓето на оваа возраст најчесто немаат сериозни проблеми со тежината, особено оние кои во детството или адолесценцијата имале нормален индекс на телесната маса. Може да изгубите неколку килограми без никакви проблеми. Најдобар начин за симнување на килограмите е овошна диета, бидејќи овошјето е богато со витамини и одлично се сложува со зголемената физичка активност. Пектин, овошна киселина и калиум ги согоруваат калориите, го подобруваат метаболизмот и варењето.

odberete-dieta-koja-vi-odgovara-spored-vozrasta-1

Мени:

Појадок: 1 јаболко и каша од 1 лажица овесни снегулки, потопени во јогурт со помала масленост.

Ужина: едно јаболко

Ручек: едно јаболко исечено на парчиња, две полни лажици обарен спанаќ. Сето тоа прелиено со сос од јогурт, маслиново масло, оцет од јаболко и една лажичка вода.

Ужина: едно јаболко и неколку ореви

Вечера: едно јаболко исечено на коцки и прелиено со сок од лимон и 125 гр изгмечено немасно сирење.

Со ова мени за исхрана и редовна физичка активност за три дена може да симнете до 3 килограми.


Ако имате 30 до 39 години

Штом ја надминете триесеттата година метаболизмот се забавува, па потребно е да го смалите внесувањето калории дури и ако сте физички активни. Заборавете на идејата за брзо слабеење и шокови на организмот со неочекувани промени на режимот на исхрана. Ако брзо ослабете , тоа ќе ве направи неколку години постари, бидејќи кожата ќе ви изгледа збрчкано и опуштено. Во овие години целта на диетата треба да ви биде најмногу до два изгубени килограми  месечно. Идеален начин во оваа животна доба подразбира многу зеленчук кое ќе го спречи гладот и осцилацијата на тежината.

odberete-dieta-koja-vi-odgovara-spored-vozrasta-2

Мени

Појадок: 1 лажица овесна каша и корнфлекс, немасно млеко и рендан морков

Ужина: една краставица со лимонов сок

Ручек: Два варени компира со многу салата од зеленчук

Ужина: една црвена блага пиперка

Вечера: салата од зеленчук и едно парче `ржан леб


Ако имате од 40 до 49 години

Скоро секоја жена после 40-тата година има проблем со тежината. Особено кај жените кои се во менопауза и нивните полови хормони престануваат да се лачат, мускулната маса забрзано се смалува, а масните наслаги се зголемуваат. Во овие години мора многу да внимавате што јадете.

Најмногу храна треба да внесувате во првиот дел од денот. Користете растително масло, риба и морски плодови. Во оваа доба телото почнува да ги задржува течностите, па треба да ги исфрлите состојките кои го поттикнуваат задржувањето на водата, како сол или соја.

odberete-dieta-koja-vi-odgovara-spored-vozrasta-3

Мени:

Сварете ориз (150 гр) и поделете го на 3 порции. Сите порции помешајте ги со дополнителни протеини и распоредено консумирајте.

Појадок: Ориз со еден јогурт со помалку масти и 1 лажичка мед.

Ручек: Ориз и 150 гр подготвена риба или пилешко

Вечера: ориз со обарен зеленчук и една лажичка растително масло.

За ужина може да јадете овошје или 90 гр немасно сирење.


Ако имате од 50 до 60 години

Оние кои се после педесеттата година од животот имаат 30 отсто помалку енергија за разлика од младите. Затоа , ако се наоѓате во оваа група јадете четири или пет помали порции дневно и немојте да се прејадувате. Ограничете го внесувањето сол на четвртина лажичка дневно. Најефикасни супстанци кои го разложуваат мастите се ензимите. Ананасот е богат со ензими и витамин Ц, а одличен е и за дигестивниот тракт.

odberete-dieta-koja-vi-odgovara-spored-vozrasta-6

Мени

Појадок: едно парче ананас и 90 гр изронето сирење

Ручек: пола ананас и 90 гр варено пилешко, риба или друго помалку масно месо

Вечера: едно парче ананас и едно парче `ржан леб со едно парче немасно сирење.

Исто така, моќни разложувачи на масти се кивите, јаболковиот оцет и водата од сварени артичоки.


Ако имате над 60 години

Во оваа доба вашата мускулна маса е само 15 отсто од телото. Ако сакате да ослабете, треба да слабеете многу бавно бидејќи диетите дополнително ја намалуваат вашата мускулна маса. Главно правило е да не внесувате повеќе од 40 гр масти дневно.

odberete-dieta-koja-vi-odgovara-spored-vozrasta-7

Мени

Појадок: едно парче леб со една лажичка немасен јогурт

Ручек: Наместо 50 гр мелено месо земете 50 гр грав. Но, ако не можете без месо , јадете помалку масно месо, а не свинско.

Вечера: Парче шунка со парче сирење со 30 отсто масти. На тој начин ќе внесете 10 гр помалку масти споредено со консумирање сирење со 60 отсто млечни масти.

Пијте најмалку 2 литри вода дневно. Тоа ќе ви помогне во варењето и забрзувањето на метаболизмот.

Би можело да ве интересира:

5-дневно мени со исхрана која помага против целулит Ако сакате да го намалите целулитот кој почнал да се појавува на површината на к...
Тридневна војничка диета со која ќе „стопите“ 4 килограми Војничката диета се базира на исхрана во мали оброци, внимателно осмислени за да...
Богата зимска диета - за слабеење и заштита од грипот Зимската диета ќе ви помогне да ослабете, но и да го подобрите имунитетот за да ...

Најчитани неделава