Фитнес мени: Медитеранска сабота
Дозволете си вкусно задоволство и медитеранско уживање уште на почетокот од викендот. Ако ви е потребна енергија, а не сакате да гладувате тогаш медитеранското фитнес мени е идеалниот избор.

Ве држи доволно сити, разновидно е и ви ја дава потребната енергија за дневните фитнес вежби. Вистинско уживање во омиленото овошје и зеленчук.
Појадок:
- ½ шолја мусли
- 1 шолја парчиња лубеница, праски или јаболки (може да си го одберете омиленото овошје)
- 1 шолја полумасен јогурт или млеко

Ручек
- 1 шолја варен ориз
- 120 гр. пилешки гради
- 1 шолја варен зеленчук

Ужина:
- ½ шолја овес
- ¼ шолја хумус или друг сличен намаз
- ½ шолја грозје или друго овошје

Вечера
- 1 средно печен или варен компир
- 120 гр. лосос на скара
- 1 шолја варено овошје

Ужина:
- 30 гр темно чоколадо

Би можело да ве интересира:
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена
Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...