Слабејте додека сте на одмор

Ако уште од почеток на пролетта и до заминувањето на годишен одмор бевте на диета и секојдневно вежбавте, само за да го покажете згодното тело на плажа, не значи дека наеднаш треба да го заборавите сето тоа.

slabejte-dodeka-ste-na-odmor-01

Не дозволувајте за тие 10 дена да ги вратите килограмите и да заборавите на маката, која ќе ве чека штом се вратите.

Потрудете се да останете фит, да се храните здраво и да слабеете додека сте на одмор. Важно е линијата да се одржува во текот на цела година.

На тој начин ќе го зачувате здравјето на целиот организам и ќе бидете згодни и витки во текот на целата година.

Одберете некоја спортска активност

Секогаш постои начин за додека сте на одмор да најдете нешто како спортска активност или рекреативно да се занимавате со некој спорт за да си ја одржите кондицијата, а со тоа и линијата.  Задолжително практикувајте ги спортските игри во вода и на плажа.


Локална храна

Доколку не сте сигурни колку е калорична и мрсна локалната храна најдобро би било да се задржите најчесто на овошје и зеленчук, кое ви дава доволно енергија и ве освежува. Доколку сепак сакате да јадете од локалната храна, преполовете ја порцијата.


Јогурт

Што и да одлучите да јадете, задолжително пијте и јогурт, кој помага во работата на стомакот и го олеснува варењето.


Почестете се еднаш дневно

Каков е тој одмор без некое слатко задоволство? Јадете сладолед или некое популарно локално колаче. Ако не сте љубител на благото, може да се почестите со некоја друга храна која ја сакате.

slabejte-dodeka-ste-na-odmor-2

Избегнувајте ги течните калории

Ако сете загрижени за тежината, заборавете на коктелите. Всушност, заборавете на алкохолот воопшто. Најдобро би било да пиете само вода или незасладени чаеви.


Еден оброк подгответе си сами

Сигурно е полесно и поинтересно да се храните во ресторани и да нарачате што ќе посакате, без да вложите труд да го добиете.

Но, истражувањата покажале дека ако консумирате барем по еден оброк кој сами ќе си го подготвите, многу подобро ќе ја одржувате линијата, без да се залажувате по интересното мени во рестораните, па да нарачате сѐ што ви звучи примамливо.


Правете правилен избор во ресторанот

Избегнувајте додатоци за грицкање кои се наоѓаат на масата пред да ви стигне оброкот, предјадење и мезе како пилешки прсти или похован кашкавал, а потоа и главно јадење е строго забранета комбинација.

slabejte-dodeka-ste-na-odmor-3

Јадете јаглехидрати наутро

Јаглените хидрати никако не се препорачуваат за попладне. Затоа, ако мора да изедете барем една порција тестенини, тогаш нека биде тоа за појадок или за ран ручек. Важно е да има доволно време до вечерта за тој оброк да се свари и обработи во желудникот.


Шетајте

Не бидете мрзливи и не одете секаде со автомобил. Одморот е вистинско време за долги прошетки на плажа или навечер низ локалното место. Тоа е најдобрата вежба која може да ја имате додека сте на одмор.

Применувајте ги овие совети и останете фит за време на годишниот одмор.

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg