Ако сакате успешно да ослабете, почитувајте ги овие правила за време на диетата

Од илјадници диети, секој ќе го одбере оној режим за кој смета дека најмногу одговара со неговиот животен стил и состојба на организмот.

ako-sakate-uspesno-da-oslabete-pocituvajte-gi-ovie-pravila-za-vreme-na-dietata-1

Но, без разлика каква диета и да сте одбрале, постојат правила до кои мора да се придружувате ако сакате да ги изгубите вишокот килограми.

Ништо од диетата, ако не се држите до следново:

1. Трошeте повеќе калории отколку што внесувате. Шетајте до работа или барем еднаш дневно вежбајте по 1 час.

2. Исфрлете ја од употреба преработената храна: салами, паштети...

3. Смалете ги за 90% производите од бело брашно. Тоа значи, од вашето мени исфрлете ги пиците, топлите сендвичи, колачите... Избегнувајте ги пекарите, бидејќи во нив се продаваат печива и леб кои се полни со адитиви.

4. Наместо засладени сокови и ароматизирана вода, пијте обична вода.

5. Наместо грицки изедете една рака бадеми или ореви.

ako-sakate-uspesno-da-oslabete-pocituvajte-gi-ovie-pravila-za-vreme-na-dietata-2jpg

6. Навечер легнувајте си најдоцна до полноќ.

7. Јадете пет мали оброци дневно, кои содржат квалитетни протеини, а истите ќе ги најдете во рибата, пилешкото, мисиркиното, јајцата.

8. Имајте на ум дека некои производи повеќе штетат отколку што се корисни. Производите со малку масти имаат додатоци како шеќери, кои во поголеми количини му штетат на организмот.

9. Најголем благослов е да јадете храна чие потекло ви е познато. Тајната на здравјето е во набавување домашна храна, а избегнување адитиви и генетски модифицирана храна.

10. Исфрлете ги од употреба рафинираните масла и маргаринот. Наместо нив, користете путер и кокосово масло, а храната пржете ја со свинска маст. За да се исчистите од токсините во организмот, јадете домашна кисела зелка и наутро пијте јогурт. 

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg