Како да јадете сè, а да слабеете? Тајната е во хроно исхраната

Ако сакате да јадете и истовремено да бидете послаби, тогаш треба да го разгледате хроно начинот на исхрана.

kako-da-jadete-se-a-da-oslabete-tajnata-e-vo-hrono-ishranata-06.jpg

Овој тип на исхрана, која никако не спаѓа во категорија диети, е oсмислена уште во 1986 година во Франција, но дури сега се актуализира на нашите простори.

Нејзината предност е што не ги броите калориите или количината на храна која ја внесувате, а истовремено можете и да ги комбинирате намирниците.

Основното правило што треба да го почитувате е времето кое треба да помине помеѓу два оброци. Појадокот, ручекот и вечерата мора да ви се на растојание од минимум 4 до максимум 6 часа, односно, идеално е да ги темпирате на 5 часа.

За појадок смеете да јадете сè што ќе посакате - масти, протеини, јаглехидрати, со тоа што ќе ги избегнувате пченицата и пченката. Од брашната дозволени се сите останати.

Можете и да јадете сувомеснати производи, само гледајте да бидат со минимална количина адитиви.

kako-da-jadete-se-a-da-oslabete-tajnata-e-vo-hrono-ishranata-02.jpg

За ручек можете да консумирате посилни протеини, како што е јунешкото, свинското или телешкото месо, но без јаглехидрати. Ако јадете јахлехидрати, тогаш јадете ги со зеленчук. Исто така, комбинирајте што повеќе свежи плодови ви вид на салати.

kako-da-jadete-se-a-da-oslabete-tajnata-e-vo-hrono-ishranata-03.jpg

За вечера, исто така се препорачува протеински оброк, но овој пат полесен. Идеален избор е рибата или белото месо. Понекогаш, можете да каснете и салата со младо сирење. И за вечера се комбинира исклучиво или бел или зелен зеленчук.

kako-da-jadete-se-a-da-oslabete-tajnata-e-vo-hrono-ishranata-01.jpg

Слатко, па и овошје, се јаде исклучиво попладне помеѓу ручекот и вечерата. Најдобар избор е чоколадата со најмалку 70 проценти какао или сувото овошје како смокви и сливи.

Овие правила можете да ги следите до крајот на животот, не да ги практикувате како диета.

Ако сакате побрзо да симнете повеќе килограми, тогаш би требало да се придржувате кон рестриктивниот период.

Во него, потполно се исфрла ужината, вклучувајќи повеќе овошје. Исто така, привремено ќе треба да се откажете и од зеленчуците со скроб, како и јаглехидратите за ручек.

Има некој искуство со овој начин на ихрана? Какви се резултатите? Ако не, ипробајте и споделете го искуството...

Би можело да ве интересира:

Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg