Храна со негативни калории: Колку повеќе ја јадете, толку полесно слабеете

До сега сигурно верувавте дека само со избегнување на одредена храна ќе ослабете, без да сте запознаени со намирниците кои имаат негативни калории.

hrana-so-negativni-kalorii-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-polesno-slabeete-01.jpg

Што всушност претставува негативниот калориски баланс?

Одговорот е едноставен - се работи за намирници кои на телото му овозможуваат помалку калории отколку што троши, а го држат сито и енергично.


Која храна има негативни калории?

Тоа се сите намирници со низок глихемиски индекс, а висок процент на влакна кои заситуваат.

Овошјето, зеленчукот и лековитите билки се наоѓаат на оваа листа на намирници. Тие ја подобруваат работата на метаболизмот и произведувањето на ензими, а со тоа го активираат телото да ги троши наталожените резерви.


Зеленчук кој се препорачува:
аспарагус, боранија, репка, прокељ, зелка, морков, карфиол, целер, ротквици, краставици, грашок, кинеска зелка, праз, марула, цикорија, спанаќ, домат.

Овошје кое се препорачува: јаболка, капини, брусница, грејпфрут, лимон и лимета, малини.

Зачини и лековити билки кои се препорачуваат: цимер, каранфилче, чили, коријандер, ленено семе, лук, ѓумбир, кромид, магдонос.

hrana-so-negativni-kalorii-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-polesno-slabeete-02.jpg

Овие намирници имаат повеќе позитивни влијанија врз телото, а ова се само дел од нив:

- Ја подобруваат работата на метаболизмот

- Го зголемуваат нивото на енергија

- Го стабилизираат нивото на шеќер во крвта

- Го подобруваат варењето и чистењето на дебелото црево

- Го чистат црниот дроб, со што варењето на масти е поефикасно

- Ги спречуваат воспаленијата во телото

- Го намалуваат нивото на холестерол во крвта

- Ја подобруваат концентрацијата

- Ги ублажуваат стресот, анксиозноста и депресијата

- Го подобруваат сонот

- Ја подмладуваат кожата, ја обновуваат косата и ги зајакнуваат ноктите

hrana-so-negativni-kalorii-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-polesno-slabeete-03.jpg

Важно: За да дојде до значително губење на тежината неопходно е да јадете до 2 килограми од наведената храна. Треба да ја јадете свежа и непреработена.

Блендирањето е дозволено само ако храната се јаде веднаш, а се прифаќа само сировиот облик на храната или кратко проварување.

Исто така, оваа храна не би требало да ја консумирате заедно со мрсни, високо калорични или претерано слатки намирници.

Би можело да ве интересира:

Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg