Ако сакате да ослабете, воведете ги овие 10 правила

Губењето на килограми не мора да биде напорно како што звучи, напротив, ако се придржувате до овие 10 правила во кујната, без проблем ќе ја намалите килажата.

ako-sakate-da-oslabete-vovedete-gi-ovie-10-pravila-01.jpg

1. Направете чипс од зеленчук и овошје

Измијте ги плодовите, исечкајте и спакувајте ги во кесички. Чувајте ги во фрижидер за секогаш да ви бидат при рака кога ќе огладните.

2. Подгответе поголема порција салата

Салатата пред вечерата е одличен начин да ја прелажете гладта. Ќе забележите дека на овој начин главното јадење ќе го сведете на минимум.

3. Мерете ја храната

Преголемите порции најчесто се причината заради која се дебелеете. Олеснете си ја работата и мерете ги намирниците пред да ги исечкате и консумирате.

4. Однапред подгответе грицки и ужина

Направете ја вашата омилена здрава комбинација, наместо да купувате лиснати теста или слатки задоволства. Грицките не би требало да имаат повеќе од 150 калории.

5. Купете поголеми количини зеленчук и овошје и замрзнете ги

Не само што ќе заштедите пари ако купувате на големо, туку и ќе имате многу поголем избор кога подготвувате оброци или овошни шејкови.

6. Однапред подгответе ги состојките за шејковите

Во брзање сте и немате време да си подготвите шејк? Навечер спакувајте ги сите состојки во една кесичка и наутро само ставете ги во блендер. Брзањето не смее да ви биде изговор за откажување од здравите навики.

7. Исфрлете ја нездравата храна од кујна

Можеби вашите најблиски сакаат газирани пијалаци и слатки, па затоа и на вас ви се лесно достапни. Направете договор да ги исфрлите овие нездрави намирници или барем другите нека ги сокријат на место недостапно за вас.

8. Користете мали чинии

Кога сервирате храна, имаме потреба да ја наполниме чинијата до крај. Ако големите чинии ги замените со мали, овој проблем веќе нема да ви носи вишок килограми.

9. Дуплирајте ги состојките од рецептот

Секогаш подготвувајте однапред. Кога правите некој рецепт, не подготвувајте само еден оброк, туку дуплирајте ги состојките. Така, кога ќе бидете гладни секогаш ќе имате здраво решение на дофат.

10. Тргнете ја вишокот храна од масата

Послужете си онолку колку што сакате да изедете, а останатата храна ставете ја во фрижидер. На овој начин нема да посегнете и да си ја дополните чинијата.

Би можело да ве интересира:

Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg