Како најлесно да ги истопите килограмите накачени во бременоста?

Најтешко им е на мајките кои за време на бременоста ќе ја пречекорат онаа здрава тежина, па потоа се мачат со килограмите и по породувањето.

kako-najlesno-da-gi-istopite-kilogramite-nakaceni-vo-bremenosta-01.jpg

Сосема разбирливи се неколкуте килограми вишок кои никако не можете да ги симнете, а очајно сакате, токму поради промените низ кои поминало вашето тело.

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат ако сте млада мајка која сака барем малку да го обликува своето тело:

- Здравата храна и ужина секогаш треба да ви биде при рака. Тука спаѓа овошјето, зеленчукот, малку јаткасти плодови, интегралните житарки...

- Држете се подалеку од тешката, преработена храна која содржи тон калории. Заборавете на пржената храна, тестенините, пицата, сувомеснатите производи и слатките.

- Дојте го детето додека можете. Истражувањата покажале дека доењето кај некои жени ја намалува тежината. Секако нема ништо да изгубите ако пробате.

- Бројте ги калориите кои ги внесувате. За случајно да не се занесете, напишете го секој оброк на лист или симнете си некоја апликација која ќе брои колку калории, а колку хранливи материи ќе внесете.

- Не заборавајте на хидратацијата. Нашиот организам често го меша чувството на глад со жед, па наместо да посегнете по храна прво напијте се вода. Течностите без шеќер и кофеин секогаш нека ви бидат при рака.

- Држете се до распоредот на оброци. Иако животот ќе ви се промени од корен, обидете се да ги вратите старите навики за неколку точно темпирани оброци.

- Движете се. Џогирајте, шетајте или излезете со бебето на неколку часа од дома. Седењето дома не ви одговара ни вас, ниту на вашето дете.

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg