7 тајни на слабите луѓе кои никогаш не држат диети

Сите добро знаеме дека самоконтролата е најголемата тајна на луѓето кои никогаш не се на диета. Но, постојат уште најмалку 7 трикови со кои ја одржуваат здравата тежина без голема тешкотија.

7-tajni-na-slabite-luge-koi-nikogas-ne-drzat-dieti-01.jpg

1. Знаат да кажат НЕ

Луѓето кои ја одржуваат оптималната тежина без проблем знаат да кажат НЕ на кексите, десертот кога не се гладни или на пржените компирчиња 5 пати во неделата. Утре е нов ден, затоа немаат потреба да пробаат сè одеднаш.


2. Сакаат да зборуваат додека јадат

Храната би требало да ја џвакате внимателно и полека, затоа што мозокот испраќа сигнал за ситост дури по 20 минути откако ќе се наполни желудникот. Токму затоа, помалку храна внесуваат лицата кои јадат со паузи или кои постојано зборуваат.


3. Не губат време со диетални намирници

Храната со намалени масти и шеќери звучи добро само во теорија. Но, во реалноста за да се произведе таквата храна, потребни се многу повеќе хемикалии и адитиви. Здравите луѓе со нормална тежина се свесни дека диетални намирници само може да им ја нарушат хормоналната рамнотежа и да им го зголемат шеќерот.


4. Не се откажуваат од ништо

Во речникот на слабите луѓе не постои лоша храна. Бројни истражувања откриваат дека откажувањето од одредена храна само ја зголемува опсесијата кон истата. Токму затоа слабите и здрави луѓе јадат сè, само умерено.

7-tajni-na-slabite-luge-koi-nikogas-ne-drzat-dieti-02.jpg

5. Наспани се

Недостатокот на сон најчесто се надокнадува со кофеински пијалаци, слатка и мрсна храна. Затоа ако сакате да си ја вратите енергијата, најдобро е да воведете попладневна дремка или да отспиете 7-8 часа навечер, отколку цел ден да грицкате храна која буквално ќе се лепи на вас.


6. Експериментираат во кујната

Здравата храна не мора да биде здодевна. Токму затоа, слабите лица се заинтересирани да го подобрат вкусот на секој оброк, односно да го направат на нов начин.


7. Не ги бројат калориите

Броењето калории може да ве доведе до игнорирање на намирници кои се навистина здрави, како на пример јаткастите плодови, морската риба и темното чоколадо. Затоа наместо да броите, слушајте ги сигналите на телото, јадете умерено и до крајот на животот нема да држите ниту една диета.

7-tajni-na-slabite-luge-koi-nikogas-ne-drzat-dieti-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg