Корисни совети против јо-јо ефектот: Што да јадете откако ќе завршите со диетата?

Држевте диета, дојдовте до посакуваната тежина и сега е време повторно да се вратите на старата исхрана. Но, со тоа често се враќате и на старата килажа.

korisni-soveti-protiv-jo-jo-efektot-sto-da-jadete-otkako-ke-zavrsite-so-dietata-01.jpg

За трудот да не биде залуден, би требало да ги почитувате овие корисни совети:

- Секојдневното мени на исхрана би требало да содржи многу зеленчук, бидејќи не е калоричен а е полн со витамини и минерали. Плус, супер е за заситување во моментите кога ви се грицка нешто нездраво.

- Повеќе јадете бело месо и риба, а помалку црвено.

- Избегнувајте солени и калорични грицки. Секогаш е подобро да имате пообилен, а здрав ручек наместо подоцна да се фрлите на чипсовите.

- Француското правило „салата како предјадење“ може многу да ви помогне. Тоа ќе ви помогне ручекот да го дочекате без да сте прегладнети и да џвакате побавно. Сличен ефект има и чашата вода пред оброк.

- Никогаш не чекајте да прегладнете, туку јадете порано. Ако веќе дојде до таа фаза, најпаметно е прво да изедете чинија супа.

korisni-soveti-protiv-jo-jo-efektot-sto-da-jadete-otkako-ke-zavrsite-so-dietata-02.jpg

- Еднаш неделно воведете овошен ден, а тоа значи најмалку 7 пати во текот на денот да јадете овошје по избор.

- Купувајте слатки исклучиво во мало пакување. При рака секогаш имајте црно чоколадо.

- Трудете се телото да ви биде постојано во движење. Рекреирајте се минимум 2 пати неделно, а во меѓувреме шетајте.

- Остатоците од јадењето се исто така голема замка. Ако нешто ви остане од ручек, никако не го ставајте во фрижидер за подоцна. Секогаш попаметна опција е да нараните некое животинче.

- Не гответе со запршка. Храната варете ја или подготвувајте ја на пареа, наместо на масло. Вака подготвените оброци не само што полесно ќе се варат, туку и нема да се таложат на критичните делови.

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg