Единствениот сигурен начин како да се ослободите од целулитот засекогаш

Целулитот е еден од најчестите естетски проблеми кај жените, а неговото отстранување е главна преокупација во летниот период.

edinstveniot-siguren-nacin-kako-da-se-oslobodite-od-celulitot-zasekogas-01.jpg

Пред да почнете да купувате скапи креми и да плаќате разни третмани, првенствено потсетете се дека во борбата против целулитот важен сојузник е храната. Неа не може да ја замени ниту една масажа или козметички препарат.

Тоа значи дека рафинираните и преработени намирници во кои спаѓа белото брашно, шеќерот, сувомеснатите производи, како и пржената и пресолената храна се главни непријатели.

Целулитот се собира со години и нема да исчезне преку ноќ, важно е да бидете свесни за тоа.

Покрај правилниот избор на намирници, секојдневното движење и масажата за подобра циркулација исто така се препорачливи.

Консумирајте лесна храна која е сиромашна со заситени масти, а богата со вода и влакна.

Мешунки - богати се со влакна, со што ја поттикнуваат работата на цревата и чистењето.

Зелен зеленчук - богат со витамини и минерали кои го подобруваат тонусот на кожата и ги согоруваат мастите.

Цитрусно и шумско овошје - полни со витамин Ц кој го поттикнува создавањето на колаген, а со тоа ја подмладува кожата

Краставица, лубеница, целер, корен од анасон - имаат диуретички ефект, со што позитивно влијаат на исфрлање на токсините.

Месо сиромашно со масти (мисиркино, пилешко) - неопходен е и извор на протеини за создавање на колаген.

Зачини: лук, куркума, мајоран, рузмарин, ѓумбир, чили - добри антиоксиданси кои ја подобруваат циркулацијата.

2dl лимон и млака вода на празен стомак - детоксикација преку која истовремено внесувате витамин Ц.

edinstveniot-siguren-nacin-kako-da-se-oslobodite-od-celulitot-zasekogas-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg