Јајцата, водата и јогуртот се совршени за вашата линија

Покрај посветеноста и напорните тренинзи со кои можете да дојдете до топ форма, потребно е да внимавате и на исхраната, односно на производите кои секојдневно ги консумирате и кои можат да ви помогнат да го намалите вишокот на килограми.

jajcata-vodata-i-jogurtot-se-sovrsheni-za-vashata-linija-01.jpg

На списокот на корисни производи кои го забрзуваат процесот на намалување на тежината се наоѓаат и водата и јајцата.

Зошто?

Водата нема калории, ја забрзува размената на материи, го намалува инсулинот во крвта и ве држи сити.

Јајцата се богати со важни амино-киселини кои исто така се одлични борци против гладот, а што е најважно можете да ги подготвите на безброј различни начини – живи, печени, пржени, варени, кајгана, омлет... Изборот е ваш.

Процесот на слабеење треба да го следат и одредени десерти, а еден од нив е и јогуртот кој содржи протеини и пробиотици кои ќе ви ја обноват цревната микрофлора и имунитетот.

Дури и на чоколадното млеко можете да му се дава зелено светло. Тоа во мал процент содржи масти, а самото чоколадо го ублажува стресот и не прави посреќни.

На крај, овие производи ви се добро познати и знаете дека ниту еден нутриционист не ги исклучува од листата на здрава храна со која слабеете – зелениот зеленчук.

Ако покрај ваквата храна и тренирате и воведете интегрални житарици, тогаш сте го направиле вистинскиот избор и на пат сте кон витка и посакувана става.

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава