Народни лекови за слабеење кои можете да ги пробате уште денес

Кои билки и намирници им помагале на минатите генерации да ослабат? Тогаш килограмите се намалувале исклучиво по природен пат, со домашно подготвени рецепти кои можете и вие да ги пробате уште денес.

narodni-lekovi-za-slabeenje-koi-mozete-da-gi-probate-uste-denes-01.jpg

Слабејте здраво и безбедно:

Чај од конци од пченка

Во една шолја врела вода, но не зовриена, потопете една лажица конци од пченка и оставете ги да отстојат 5-10 минути. Во текот на денот потребно е да пиете по 5 шолји ваков чај, во растојание од неколку часа. Овој пијалак нема никакви штетни дејства и може да го користите во подолг временски период.


Јаболков оцет

Јаболковиот оцет ги топи мастите и го забрзува метаболизмот, што е совршена комбинација. Ставете една лажичка оцет во чаша вода и испијте пред појадок. Можеби не толку вкусна навика која дава видливи резултати.


Целер

Целерот е билка која се вели дека има негативни калории. Што значи тоа? Дека за време на варењето трошите повеќе калории, отколку што сте внеле при неговото консумирање. Се препорачува за подолго чувство на ситост.


Семки од маслинка

Старите баби сигурно ќе ви кажат дека нема ништо страшно да проголтате неколку семки од маслинки, затоа што тие ќе го намалат чувството на глад заради тоа што тешко се варат. Притоа го намалуваат лачењето на желудочна киселина и создаваат пријатно чувство во стомакот. Само не претерувајте, доволна е една семка дневно.

narodni-lekovi-za-slabeenje-koi-mozete-da-gi-probate-uste-denes-2.jpg

Кокосово масло

Ако јадете храна подготвена со кокосово масло подолго ќе останете сити и помали се шансите да огладнете меѓу оброците.


Ким

Источните народи веруваат дека црниот ким го спречува дебелеењето, па затоа го користат на намирници кои обично лесно дебелеат (леб и печива).


Мед и цимет

Секое утро, половина час по појадокот и навечер пред спиење се препорачува да консумирате по една лажичка мед и цимет, растворена во топла шолја вода.

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg