5 правила за минус 3 килограми за една недела

За да се ослободите од неколкуте вишок килограми не секогаш е задолжително држењето на некоја строга диета или правењето на исцрпувачки вежби.

5-osnovni-pravila-koi-kje-vi-pomognat-da-se-oslobodite-od-3-kilogrami-nedelno-001.jpg

Следејќи ги следните 5 правила, можете да ослабете и до 3 килограми за само една недела, не правејќи ама баш ништо поврзано со вежбање или диети.

1. Пред секој оброк испијте 2 чаши вода

Оваа количина течност внесена во организмот 15 минути пред оброкот ќе го забрза вашиот метаболизам, ќе помогне храната да се свари правилно, со што ќе се избегне нејзиното претворање во масни наслаги.

Исто така можете да се обидете секое утро да пиете топла вода со мед и лимон, која е најдобар начин за секојдневна детоксикација на телото.

2. Појадок од кефир и ленено семе

Ваквиот појадок има способност во целост да ги исчисти цревата од наталожениот слуз, фекалните наслаги, паразитите и целосно да ја зачува здравата микрофлора.

Овој метод овозможува брзо нормализирање на тежината и согорување на масните наслаги. Исто така, значајно е што позитивно делува и врз регулацијата на метаболизмот на липидите.

3. Грејпфрут

Јадењето половина грејпфрут пред оброкот е одличен начин да ја поттикнете работа на метаболизмот, со што ќе го избегнете таложењето на масните наслаги.

4. Јадете бавно

Секоја храна пред да ја голтнете треба да биде убаво изџвакана. Доволното задржување на храната во усната празнина понатаму му ја олеснува работата на желудникот, па така резултатот што го добивате е целосно разложена храна која вашиот организам ќе ја користи и нема да биде наталожена во форма на масни наслаги.

Правилото вели дека секој залак треба да го изџвакате најмалку 30 пати.

5. Пијалак од цимет и мед

Загрејте 200 ml вода. Во чаша ставете половина лажичка цимет во прав и прелејте го со загреаната вода и оставете да стои половина час, прекривајќи ја чашата. Кога водата со цимет малку ќе се излади, додадете 1 лажичка мед.

Испијте половина чаша од овој пијалак пред спиење, а другата половина оставете ја во фрижидер. Наутро, на празен стомак, испијте ја и преостанатата половина.

Не морате веднаш да почнете да се придржувате до сите овие правила. Она што е важно е да одредите неколку кои би можеле да ги прифатите и да започнете полека да ги применувате секојдневно. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg