7 правила со кои никогаш повеќе нема да кажете: „Морам да почнам со диета“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


7 правила со кои никогаш повеќе нема да кажете: „Морам да почнам со диета“

Здравата храна во никој случај не треба да биде мода или предизвик за убаво тело на плажа, таа треба да е нешто на кое ќе внимавате преку целата година.

7-pravila-so-koi-nikogas-povekje-nema-da-recete-Moram-na-dieta-01

Сепак кога пред вас имате богата трпеза понекогаш е тешко да одолеете на целата таа нездрава храна и да се утешите дека од следниот ден ќе бидете на диета, па ќе ги потрошите внесените калории.

Факт е дека организмот не функционира баш на тој начин, па токму затоа постојат неколку едноставни правила кои доколку ги почитувате нема да имате потреба од никакви диети.

1. Преку зима не морате да се откажете од зимските специјалитети

Многумина не знаат дека традиционалната зимска храна содржи и големи количини на витамини, бидејќи во нив има кељ, свежа и кисела зелка.

2. За да не морате да правите детоксикација на телото, не правете ни токсикација

Во текот на зимата никако не смеете да го заборавите овошјето и цитрусните плодови, кои се присутни во текот на целата година. Тие се одличен извор на витамин Ц, но имаат и големи количини влакна кои го поттикнуваат варењето на храната.

3. Пролетта изобилува со здрави намирници

Затоа, јадете свежа храна. Излезете на пазар, купете свежи плодови и јадете ги сирови.

4. Важно е што јадеме, но и што пиеме

Зголеменото движење си побарува поголем внес на течности, односно поголем внес на вода. Водата со лимон е одличен начин за почеток на денот.

5. Мај е крајно време да се зголеми внесот на бета каротен од црвеникаво-жолт зеленчук

Во текот на летните месеци бактериите многу полесно се развиваат, па токму затоа е потребно да се јаде зачинета храна бидејќи таа го спречува развојот на бактериите. Ова е и време кога на пазарите започнува и продажбата на свеж сезонски зеленчук како пиперка и домати, па погрижете се тие да бидат дел од вашите оброци.

6. Задржете го што е можно подолго доброто расположение од летниот одмор и почнете со планирање на вашите претстојни обврски, но и исхрана

Како што доаѓаат есента и зимата сè повеќе сакаме да јадеме топли супи, особено крем супи од печурки, домати.... Тиквата е исто така совршена храна бидејќи има благо алкално дејство врз целиот организам.

7. Не дозволувајте никакви промени во начинот на исхрана да ве обесхрабрат

Истражувањата покажале дека се потребни околу 28 дена за да се стекне здрава навика, затоа бидете упорни и не се откажувајте.

М. С. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Диета за невести – 6-дневно мени со кое ќе бидете во форма до свадба Идните невести на кои им се ближи свадбата веројатно веќе паничат за изгледот и ...
Жолта диета - Исхрана со која намалувате 4 килограми за 8 дена Сончевата или жолта диета е идеална за кога ќе пристигнат топлите, сончеви денов...
Колку оброци треба да јадете дневно за да не се здебелите? За многумина од нас, зборот диета е  составен од 5 букви кои звучат како на...

Најчитани неделава