6 основни правила за пазарење кога сте на диета

Ништо не се гради преку ноќ, па така ни убавата и витка фигура. За промена на бројките на вагата, потребна е и промена на стилот на живот, вклучувајќи го и начинот на кој одите во купување на намирниците.

6-osnovni-pravila-za-pazarenje-koga-ste-na-dieta-1_copy_copy_copy_copy_copy_copy.jpg

Во продолжение, прочитајте неколку совети, правила и патокази, како да не се „изгубите“ помеѓу полиците со чоколада и мрсни грицки:

1. Држете се до рабовите

Методата на придржување до рабовите се однесува на тоа да ги купувате намирниците кои се наоѓаат покрај ѕидовите на продавницата, односно да направите круг без навлегување меѓу внатрешните полици. Зошто?

Бидејќи долж рабовите на супермаркетите, по правило се наоѓаат добрите намирници, како што се свежото месо, млечните производи, рибата и морските плодови, овошјето, зеленчукот и јајцата.

Во некои продавници, таму ќе пронајдете и свежи сокови или смути. Почитувајќи го ова правило, грицките, слатките или газираните пијалаци ќе бидат далеку од вашиот видик, па помала е можноста да паднете во искушение и ставите нешто такво во кошничката.

Секако, не е лошо да ѕирнете во полиците со здрава и интегрална храна, да си купите овесни снегулки или каша, но оттргнете се што поскоро, пред вниманието да ви го украде и некoja чоколаднa кугла.

6-osnovni-pravila-za-pazarenje-koga-ste-na-dieta-2_copy_copy_copy.jpg

2. Никогаш не одете гладни на пазарење

Сите знаеме дека тоа не е нималку добра идеја, а сепак, некако ни се случува.

Кога сте гладни, не сте свои на своето, па  желбите може да ве одвлечат во потполно спротивен правец од зацртаниот план на исхрана.

Дајте сè од себе да го избегнете одењето во продавница додека сте гладни.

6-osnovni-pravila-za-pazarenje-koga-ste-na-dieta-3.jpg

3. Осмислете добра основа и држете се до неа

Секоја диета има одредени намирници кои го сочинуваат нејзиниот столб.

Штом ќе го сложите својот режим на исхрана, во согласност со желбите и потребите на сопственото тело, придржувајте се до него и секогаш внимавајте да не останете без основните намирници.

Редовно обновувајте ги нивните залихи и градете го вашето мени (односно останатите намирници кои ќе ги купувате) во согласност со нив. Планирањето е клучот.

6-osnovni-pravila-za-pazarenje-koga-ste-na-dieta-4_copy_copy_copy_copy.jpeg 

4. Секогаш одете со список на пазарење

Ако нешто не научија родителите, особено мајките, тоа е дека пред да појдеме во продавница, секогаш треба да си направиме список на производи што ќе купиме.

Покрај тоа што нема да се мислите и премислувате, а ќе заштедите и на време, списокот ќе ви биде и сојузник во битката со килограмите. Да, баш така.

Сфатете го одењето во супермаркетот како битка помеѓу себе и лошите намирници, во која не можете да победите без стратегија или план.

Тој план е пописот на намирници кои ви се навистина потребни и кои се вклопуваат во вашиот режим на исхрана. Ќе ви помогне да го купите она што ви треба, и ништо повеќе од тоа.

Вашата фигура, но и паричникот, ќе ви бидат благодарни поради тоа.

6-osnovni-pravila-za-pazarenje-koga-ste-na-dieta-5_copy_copy_copy.jpg

5. Внимавајте што избирате од пакуваната храна

Се разбира дека не би отишле по чипс, но понекогаш, во спакувано издание се продаваат и овошјето и зеленчукот, како што се исецканиот зеленчук за салата или зеленчуковата мешавина за супа.

Таквите производи може да бидат корисни кога е заштедата на време во прашање, или, пак, добра опција се кога сакате да грицнете нешто на брзина.

Сепак, водете сметка за хранливите вредности на таквите продукти, затоа што може да сокриваат слатки или масни „замки“.

Поради тоа, проверката на етикетата нека ви биде задолжителен дел во процесот на купување.

6-osnovni-pravila-za-pazarenje-koga-ste-na-dieta-6_copy.jpg

6. Бирајте каде ќе купувате

Кога и да сте во прилика, отидете до локалниот пазар и купете си свежо овошје, зеленчук, јајца и месо.

На пазарите не ве демнат непријателите наречени „рафиниран шеќер и преработена храна“, па со леснотија ќе се придржувате до зацртаниот план.

6-osnovni-pravila-za-pazarenje-koga-ste-na-dieta-7_copy_copy_copy_copy.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg