Што влијае најмногу на вашата тежина?

Многу луѓе сакаат да ослабат и да ја намалат тежината, посебно во лето, но тоа не му успева на секого.

shto-e-toa-shto-najmnogu-vlijae-na-vashata-tezhina-01.jpg

Понекогаш луѓето се обидуваат да направат сѐ што е можно за да стигнат до посакуваната цел, па дури и се одлучуваат на нездрави начини за губење на тежината.

Покрај толку многу начини кои сме ги прочитале и слушнале, популарни или непопуларни, сепак постои едно основно правило кое мора да го почитувате ако сакате да ослабете.

shto-e-toa-shto-najmnogu-vlijae-na-vashata-tezhina-02.jpg

Правилна исхрана и умерена физичка активност е добро познат начин ако сакате да добиете здраво и обликувано тело, без последици.

Но, дури и овие активности нема да бидат толку ефективни ако не се држите до правилото за енергетски баланс.

Докажано е дека на нашето тело му е полесно да ја одржи веќе постоечката тежина отколку да се ослободува од вишокот. Правилото за енергетски баланс помага не само да ја намалите тежината, туку и да се спречи понатамошно дебелеење.

Според ова правило, треба да консумирате ист број на калории колку што можете и да потрошите, секојдневно. Во овој случај нема да се здебелите.

Кога внесуваме повеќе калории отколку што трошиме, тежината значително ќе се зголемува. А, ако консумираме помалку отколку што трошиме, тежината ќе се намалува.

shto-e-toa-shto-najmnogu-vlijae-na-vashata-tezhina-03.jpg

shto-e-toa-shto-najmnogu-vlijae-na-vashata-tezhina-04.jpg

За од прилика да знаете колку калории дневно трошите, погледнете ги овие пресметки:

  • 8 часа спиење на ден: 260-300 калории
  • 8 часа работа во канцеларија: 480-550 калории
  • Пат од дома до работа и обратно со јавен превоз: 230-350 калории
  • 1 час вежбање во теретана: 230-350 калории
  • Друг начин на трошење (стрес, варење на храна итн.): 570-800 калории
  • Ако сте машко, додадете уште 200-400 калории, во зависност од активностите.

Секако, ова не се 100% точни пресметки и може да варираат од човек до човек.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава