„Јајце диета“: Ќе симнете до 7 килограми за 14 дена

Оваа диета е едноставна за следење, со евтини намирници и точно утврден распоред кој нема да ви задава главоболки.

Jajce-dieta-Ke-simnete-7-kg-za-14-dena-01.jpg

Најбитно од сè е да сакате да јадете јајца, бидејќи основата на целата диета се состои токму во овој здрав протеин.

Со следење на режимот можете да изгубите максимум 7 килограми во рок од 2 недели.

Што треба да јадете во текот на неделата?

Појадокот е ист во текот на целата недела и се состои од: 2 варени јајца и 1 парче овошје (може да одберете помеѓу портокал, јаболко, банана, круша).

Што се однесува до ручекот и вечерата, распоредот изгледа вака:

Понеделник

Ручек: 2 јаболка, 2 парчиња сладок компир (печен или варен)

Вечера: Голема салата и 200-250 gr пилешко месо

Вторник

Ручек:Зелен зеленчук (зелка, краставица, марула, брокула, кељ, спанаќ) и пилешко месо (варено или печено)

Вечера: салата, 1 портокал, 2 варени јајца

Среда

Ручек: Парче немасно сирење (младо кравјо, фета или урда), 1 домат и парче сладок компир

Вечера: Голема салата и 200-250 gr пилешко месо

Четврток

Ручек: Голема овошна салата со овошје по избор (се подразбира свежо овошје, избегнете конзервирано или сушено овошје)

Вечера: Салата и варено пилешко месо

Петок

Ручек: Зеленчук по избор и 2 варени јајца

Вечера: Салата и порција печена риба (или туна)

Сабота

Ручек: Голема овошна салата со овошје по избор (се подразбира свежо овошје, избегнете конзервирано или сушено овошје)

Вечера: Пилешко месо и зеленчук двете зготвени на пареа.

Недела

Ручек: Салата од домати, зеленчук по избор зготвен на пареа и пилешко месо

Вечера: Само зеленчук на пареа (морков, брокула, карфиол, кељ, спанаќ).

 

*Пијте доволно течности, особено вода и незасладени чаеви. Дозволена е и лимонада без шеќер.

По завршувањето на двонеделниот циклус направете минимум 1 недела пауза пред да започнете втор.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава