Едноставен трик кој ќе ви помогне да ги стопите килограмите

 Диети и напорно вежбање се првото нешто кое ви паѓа на ум кога помислувате на губење на вишокот килограми.

Ednostaven-trik-koj-ke-vi-pomogne-da-gi-stopite-kg-01.jpg

Но, верувале или не, навистина не е толку важно кој режим на исхрана го следите. Поентата е да јадете умерено и здраво.

Веројатно ова сте го слушнале многу пати досега и ги превртувате очите, но постојат неколку „финти“ поврзани со здравата храна.

Еве еден едноставен трик којшто треба да следите во врска со ваквиот тип на исхрана:

Контрола на порциите

Секогаш треба да се внимава на количината изедена храна. Не се потпирајте на советите од типот – „јадете салата или овошје колку што сакате“. Дури и здравата храна треба да биде ограничена во количината, односно грамажата која се консумира.

Големината на порциите е драстично зголемена за разлика од изминатите декади.

Нашите очи не знаат за доста, но затоа станете од масата „кога ви е најслатко“. Дозволете му на мозокот да сфати дека стомакот е веќе полн, а обично му се потребни неколку минути за информацијата да прати сигнал.

Воздржете се од премногу јадење на прослави, од типот на родендени и свадби. Тешко е да се одолее на преполната трпеза со вкусни јадења, но земете помала чинија и не преполнувајте ја.

Воедно, ограничете се на 2 закуски, наместо на сите 10 поставени на масата.


Кога здравата храна е „лажна“?

Кога на неа пишува дека е fat-free, gluten-free или sugar-free. Сите производи со вакви ознаки, особено оние кои се лишени од мастите, содржат многу повеќе шеќери кои мора да надоместат за квалитетот на вкусот.

Вие можеби внесувате помалку калории, но го лишувате организмот од здравите масти, а внесувате тројно повеќе шеќери од препорачаното.

Јадете здрава, свежа и нормална храна. Не трчајте секогаш по трендовите, процесираните, спакуваните и конзервираните производи.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg