Тренер и нутриционист советуваат: Како да имате тело како ангелите на Victoria’s Secret?


Тренер и нутриционист советуваат: Како да имате тело како ангелите на Victoria’s Secret?

Моделите на Victoria’s Secret, според повеќето важат за едни од оние со најдобро тело и најсекси фигура.

trener-i-nutricionist-sovetuvaat-kako-da-imate-telo-kako-angelite-na-victoria-s-secret-01.jpg

За да изгледаат така, тие секојдневно се грижат за својот изглед, со помош на правилна исхрана и физичка активност.

Доколку сакате барем приближно да ја постигнете нивната форма, или ве интересира како тие успеваат во тоа, прочитајте во продолжение.

Нутриционистот Ванеса Пакер и тренерот Цастин Гелбенд споделуваат професионални тајни за моделите и ве советуваат:

Јадете житарици за појадок

Тие се добар извод на енергија и даваат виталност, според нутриционистот на ангелите. Овесната каша е често препорачана за нив, а може да додадете бобинки, јаткасти плодови и семки за да ја направите повкусна и покорисна.

trener-i-nutricionist-sovetuvaat-kako-da-imate-telo-kako-angelite-na-victoria-s-secret-02.jpg

Не консумирајте шеќер

Моделите избегнуваат внесување на шеќер, посебно пред големите шоуа и фотосесии. Шеќерот нема никакви хранливи вредности и не му е потребен на телото.

Има многу други начини како да ја засладите храната природно, на пример, домашен и природен мед.

trener-i-nutricionist-sovetuvaat-kako-da-imate-telo-kako-angelite-na-victoria-s-secret03.jpg

Правете разновидни вежби

Не е добра идеја секојдневно да практикувате исти вежби. Тренингот на моделите се состои од различни вежби – еден дел кардио, следниот – јога, третиот е интензивен тренинг, а следниот – истегнување.

Тоа им овозможува секој пат да предизвикуваат различна група на мускули.

trener-i-nutricionist-sovetuvaat-kako-da-imate-telo-kako-angelite-na-victoria-s-secret-04.jpg

По вежбање, пијте зелено смути

Тренерот и нутриционистот на ангелите препорачуваат секој ден по вежбањето да го пиете „зеленото смути“.

Тој е направен од овошје и зеленчук, може да се комбинираат различно, но ако сакате вистински сок како на ангелите, пробајте го овој рецепт:

  • 1 банана
  • 2 зелени круши
  • Стапче целер
  • 1 шака спанаќ
  • Лимон
  • Природен мед

trener-i-nutricionist-sovetuvaat-kako-da-imate-telo-kako-angelite-na-victoria-s-secret-05.jpg

Понекогаш разгалете се

Ако постојано се ограничување себеси, порано или подоцна тоа некаде ќе пукне и ќе се уништи трудот кој дотогаш сте го вложиле, вели нутриционистот.

Моделите се придржуваат до правилото 80/20, што значи дека ако јадат 80% здрава балансирана храна, можат да си дозволат 20% задоволство кое нема да им наштети.

И не заборавајте дека тие секојдневно вежбаат за да можат да си дозволат вакво разгалување.

trener-i-nutricionist-sovetuvaat-kako-da-imate-telo-kako-angelite-na-victoria-s-secret-06.jpg

Најдете време за одмор

Со интензивните подготовки за модните шоуа, моделите работат многу напорно и тренираат многу.

Затоа, понекогаш им е потребен целосен одмор, со цел да не бидат исцрпени и да не изгледаат лошо.

Редовниот, целосен сон и времето за релаксација се многу важни, па обидете се секогаш да си ги дозволувате.

trener-i-nutricionist-sovetuvaat-kako-da-imate-telo-kako-angelite-na-victoria-s-secret-06 (1).jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Личниот тренер на Шакира открива генијален трик како да престанете да ... Без оглед на тоа дали е на спот, настап или на црвен тепих, очигледно е дека Шак...
Што би рекле денешните нутриционисти за режимот на исхрана на Мерилин ... Платинестата русокоса и денес важи за една од најубавите холивудски дами. За неа...
10 начини како да се одвикнете да јадете по вечерата Сите ја знаеме борбата со желбата за нешто благо или мрсно доцна навечер. Но, си...