Работи кои нутриционистите сакаат секој да ги знае за слабеењето


Работи кои нутриционистите сакаат секој да ги знае за слабеењето

Намалувањето на тежината во овој период е главна тема со која речиси сите се опседнати.

raboti-koi-nutricionistite-sakaat-sekoj-da-gi-znae-za-slabeenjeto-01.jpg

Но, пред да почнете со диетите, добро е да знаете неколку корисни работи.

Нутриционистите советуваат како треба правилно да пристапите кон слабеењето и кажуваат на што не треба да верувате.

Во продолжение погледнете кои се работите кои треба да си ги разјасните во врска со слабеењето:

Не си забранувајте одредено јадење

Доколку си забраните да јадете од некое омилено јадење, вашата желба за истото, уште повеќе ќе се зголеми.

Па наместо тоа, кога ќе ви дојде „пица ден“, јадете пица, но наполнете ја со многу зеленчуци и обидете се оброкот да биде поздрав и да надоместите со други хранливи состојки во текот на денот.

Внимавајте на порциите

Ако некој ви кажал дека е добро да јадете овесна каша, тоа не значи дека треба да изедете 4 порции за да се најадете, бидејќи тоа може некогаш да биде полошо и од сендвич.

Квантитетот, квалитетот и порциите се многу важни, а сликата покажува колкава треба да биде порцијата во зависност од типот на храна.

За да го намалите гладот, послужете се со овошје или зеленчук, за потоа желбата за повеќе храна да не може да наштети на диетата.

raboti-koi-nutricionistite-sakaat-sekoj-da-gi-znae-za-slabeenjeto-02_resize.jpg

Не си го скратувајте сонот

Не си ги скратувајте драгоцените часови сон, кои се многу значајни за хормоните кои се исто така поврзани со слабеењето.

Не се хранете за да изгледате, туку за да се чувствувате добро

Добрата исхрана го менува вашиот животен стил целосно, а не само вашиот изглед.

Треба да бидете свесни за тоа и прво целта да ви биде да го подобрите здравјето и да се чувствувате подобро одвнатре, а потоа и однадвор.

Затоа, не се изгладнувајте и не се мачете психички само за да постигнете надворешен резултат, туку посветете се целосно на менување на начинот на живот.

raboti-koi-nutricionistite-sakaat-sekoj-da-gi-znae-za-slabeenjeto-03_resize.jpg

Не ја следете толпата, одберете ја правилно диетата

Има многу диети кои се популарни кај повеќето, но тоа не значи дека ако вам не ви одговара начинот на исхрана, треба и вие да ја практикувате како сите останати.

Одберете која диета најмногу ви одговара од повеќе аспекти и водете се по таа.

Брзото слабеење не е губење сало

Брзото слабеење така што ќе си скратите многу работи од исхраната и ќе намалите 10kg за 2 недели, всушност не е воопшто здраво, а е заради испуштањето течности и намалувањето мускулна маса.

Потребна ви е диета со која подолго време ќе учите како правилно да се храните и тоа ќе ви стане начин на живот, со цел да не ги вратите подоцна килограмите уште побрзо.

raboti-koi-nutricionistite-sakaat-sekoj-da-gi-znae-za-slabeenjeto-04_resize.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хроно исхрана и мени за почетници Моментално цел свет го менува обичниот начин на исхрана со хроно диета. Ако сака...
Диета со леб – Ослабете до 10 килограми за половина месец Зарем постои личност која не сака свежо печен леб? Но, проблемот е што лебот мож...
Мотивација за лето: 12 секојдневни и едноставни навики за слабеење Никогаш доста од совети и мали правила за поубав изглед, особено во летниот пери...

Најчитани неделава