„Диетални“ производи кои не се најдобар избор на храна за слабеење
Многу е лесно да паднете на маркетиншките трикови, посебно кога на производите ќе прочитате „диетално“, „ниска масленост“ и слични слогани.

Овие зборови всушност ве наведуваат да купите мислејќи дека се диетални, а всушност и не се толку добра опција за слабеење.
Секако дека тоа не значи дека не треба воопшто да ги консумирате, но добро е да знаете дека дури и во нив има состојки кои не се баш диетални, како на пример шеќери.
Имајте го ова на ум следниот пат кога ќе купувате некои од следниве производи и добро читајте го составот:
Производите со ниска масленост обично имаат шеќер за збогатување на вкусот

Не сите типови на путер се диетални и треба добро да внимавате што купувате

Готовите смутија и сокови никогаш не се доволно добра замена за домашните

Овошните јогурти најчесто содржат шеќери, па добро читајте го составот или додадете сами овошје во обичниот јогурт

Внимавајте и на мешавините од разни мусли, јаткасти плодови или суво овошје – и тие содржат најчесто шеќер

Конзервираните производи исто така имаат помалку хранливи состојки од свежите

Целосно замрзнатите производи најчесто имаат конзерванси, па читајте го составот добро

Производите со вкус на зеленчук/овошје не може да бидат подобри од самите свежи производи

М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена
Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...