Најлошите совети за слабеење кои ќе ги пронајдете онлајн

Сигурно знаете дека не можете да верувате во сè што ќе прочитате. Но сепак сигурно и понатаму се придржувате до одредени совети, кои немаат апсолутно никаква смисла, што се однесува до губењето на тежината.

Ova se najlosite soveti za slabeenje koi ke gi pronajdete na internet 01

Затоа е важно да ги прочитате овие најлоши совети за слабеење, кон кои не треба да се придржувате:

Маснотиите здебелуваат

Ова зависи од типот на маснотиите што ги внесувате. Мастите кои се наоѓаат во бисквитите, помфритот и другите масни намирници можат да го зголемат нивото на холестеролот.

Но добрите масти, кои можат да се најдат во ореви, риби и авокадо, го штитат срцето и го подобруваат целокупното здравје на телото.

Во комбинација со здрава исхрана, овие масти можат да ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми.

Не јадете помеѓу оброците

Консумирање на помали, чести оброци е одличен начин да се потисне гладта, да се контролира големината на порциите и да се подобри исхраната.

Сочното овошје или свежиот јогурт се одлични намирници кои можат да ви помогнат да го задржите нивото на енергијата во текот на денот.

Јадете многу протеини

Консумирање на голема количина на протеини е клучна за здравото губење на тежината. Зошто? На организмот му се потребни три макронутриенти: протеини, јаглехидрати и масти.

Самите протеини нема да ви помогнат да изгубите на тежина, само ќе го лишите телото од влакна и други антиоксиданти.

Ova se najlosite soveti za slabeenje koi ke gi pronajdete na internet 02

Избегнувајте глутен

Не постојат научни докази кои укажуваат на тоа дека глутенот дебелее. Проблемот настанува кога внесуваме премногу рафинирани јагленохидрати (храна од бело брашно или други рафинирани житни култури).

Пред да го исфрлите глутенот од исхраната посоветувајте се со вашиот лекар, бидејќи недостаток на истиот може да доведе до недостаток на важни хранливи материи во телото, како што се влакна, железо, витамин Б12 и магнезиум.

Внесувајте што е можно помалку калории

Кога ќе внесувате малку калории вашиот организам преминува во режим на глад, со што се забавува метаболизмот. Доколку внесувате многу калории, обидете се редовно да вежбате, за да ги истрошите истите.

Не јадете после 18 часот

Додека за некои луѓе овој совет има логика, за некои луѓе е сосема лош. Повеќето нутриционисти се согласуваат дека навистина не е важно кога јадете, важна е количината на храната што ја внесувате.

Ova se najlosite soveti za slabeenje koi ke gi pronajdete na internet 03

Вегетаријанството автоматски ќе ве направи послаби

Повторно, не е важен видот на храната, туку количината на истата. Претерување со која било храна може да ве здебели.

На пример, мандарините се здрави плодови со малку калории, но ако јадете 10 мандарини ќе внесете повеќе калории отколку да сте јаделе чизбургер. Слично е со сите овошја и зеленчуци.

Брзите диети се најдобри

Брзите диети го исцрпуваат телото, што доведува до јо-јо ефект.

Супер апчиња или чај за слабеење

Општо земено, ова е лоша идеја. Можеби постојат некои супер таблети за губење на тежината, но тие секогаш имаат негативни несакани ефекти.

Ova se najlosite soveti za slabeenje koi ke gi pronajdete na internet 04

Исфрлете го лебот целосно од исхраната

Ако го исфрлите целосно лебот од исхраната, најверојатно ќе го замените со друга мрсна храна и ќе внесувате повеќе масти. Овој совет е валиден само доколку вашите порции нема да се зголемат, и доколку ќе продолжите да јадете со исто темпо.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg