Јадете како Французинка, запалете свеќа по оброк: Чудни, научни трикови за слабеење


Јадете како Французинка, запалете свеќа по оброк: Чудни, научни трикови за слабеење

Запалете свеќа со мирис на ванила по ручек

За оние на кои им е тешко да одолеат на десерт, научниците советуваат да запалат свеќа со арома на ванила или да мирисаат есенцијални масла од ванила.

Мирисот на ванила го контролира апетитот и ја намалува желбата да јадете нешто благо.

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-07.jpg

Наместо емисии за готвење, гледајте комедии и хорор филмови

Научниците тврдат дека редовното гледање кулинарски емисии придонесува за качување тежина, додека комедиите помагаат за горење калории, благодарение на смеењето.

Исто така, и кога гледате хорор филмови од кои срцето силно ви бие, може да согорите и 200 калории, што е еднакво на 30 минути пешачење.

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-08.jpg

Почесто правете романтични вечери

Запалете свеќи, пуштете џез музика и наместете ја убаво масата – сите овие мали задоволства помагаат за атмосфера во која никој не сака да се прејадува, па ќе јадете културно и умерено.

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-09.jpg

Сликајте ја храната

Иако многумина се нервираат од оваа навика, сепак можеби е корисна, бидејќи во тоа кратко време во кое го одложувате јадењето додека сликате, ја анализирате вашата исхрана и може да помогне да избегнете прејадување.

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-10.jpg

M. M. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Данска диета за брзо слабеење: Ригорозно 13-дневно мени само за најупо... Дојде периодот од годината кога сите се заинтересирани за брзо слабеење, а ние ј...
5 навики за здраво слабеење Веќе добро познат факт е дека екстремните диети и рестрикции на храна не се гара...
Викенд предизвик за слабеење: Диета која се држи само во сабота и неде... Сите сме свесни дека е време да почнеме да правиме нешто за да ја добиеме идеалн...