Јадете како Французинка, запалете свеќа по оброк: Чудни, научни трикови за слабеење


Јадете како Французинка, запалете свеќа по оброк: Чудни, научни трикови за слабеење

Вишокот килограми на сите почнуваат да им пречат кога ќе дојдат пролетните денови и сите се во потрага по брзи начини за слабеење.

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-01.jpg

Покрај многуте различни диети и вежби за слабеење, научниците откриваат уште неколку интересни и невообичаени начини за губење килограми.

Корисни трикови за слабеење од научниците, кои вреди да ги пробате:

Гледајте го светот низ сини очила

Научниците велат дека сината боја го намалува апетитот – сина светлина, позадина, садови или очила, како што носи Џони Деп.

Научниците советуваат кога јадете да користите сини садови, бидејќи така ќе јадете помали порции, а триковите со сината светлина која прави да се чувствувате најадено, успеваат само кај мажите.  

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-02.jpg

Шетајте околу ресторани за брза храна

Истражување покажало дека мирисот на храна предизвикува желба за јадење на таа храна чиј мирис е сличен на оној кој го мирисате.

Но, овој ефект трае само првите две минути, а потоа чувството на глас се намалува и телото преферира поздрава храна.

Па така, ако успеете да издржите првите неколку минути без да пробате од брзата храна, немате од што да се плашите и потоа ќе сакате да каснете нешто поздраво.

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-03.jpg

Јадете како Французинка

Французинките имаат 3 тајни кои им помагаат да ја одржат фигурата, а научниците ги потврдуваат:

  • Носат колан околу половината кој ги потсетува дека не смеат да се прејадат
  • Носат тесна облека која би ги оцртала ако се прејадат
  • Ручаат со маж – друштвото влијае на апетитот, а жените јадат помалку во присуство на некој од спротивниот пол

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-04.jpg

Гума за џвакање

Во едно истражување откриено дека ако џвакате гума по ручекот, ќе ви се намали желбата за јадење подоцна. Џвакајте 45 минути.

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-05.jpg

Замотајте ги бонбоните и слатките

Иако звучи чудно фактот дека слатките помагаат во слабеење, сепак научниците велат дека луѓето јадат 30% помалку благо ако секое парче е посебно завиткано во хартија.

Отстранувањето на хартија одзема време и напор, што ја намалува желбата за јадење поголеми количини.

jadete-kako-francuzinka-zapalete-svekja-po-obrok-chudni-nauchni-trikovi-za-slabeenje-06.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Данска диета за брзо слабеење: Ригорозно 13-дневно мени само за најупо... Дојде периодот од годината кога сите се заинтересирани за брзо слабеење, а ние ј...
Сонома диета – за гурмани и сите оние коишто не можат без вино Креатор на Сонома диетата е д-р Кони Гутерсен, диететичар и експерт за медитеран...
Лесни трикови за слабеење за сите зафатени кои немаат време за диети и... Ако немате време за држење класични диети и за секојдневно готвење или одење во ...