Зошто слабеењето е многу полесно во летните месеци?

Многу луѓе со доаѓањето на летото забележуваат промени во нивните навики за исхрана. Летните активности како лежење на плажа и често излегување многу лесно можат да ја променат вашата рутина. Понекогаш, овие активности имаат влијание и врз вашите навики за јадење.

zoshto-slabeenjeto-e-mnogu-polesno-vo-letnite-meseci-01.jpg

Имено, некои луѓе сметаат дека во текот на летните месеци јадат помалку, а притоа се многу поактивни.

Па, дали постои научно објаснување за ова, или станува збор за случајност? Изгледа дека и двете нешта се точни.

Истражувањата од 90-тите укажале на концепт познат како терморегулација. Станува збор за регулација на телесната топлина, и можеби токму ова го објаснува променливиот апетит. На најосновно ниво, сите знаеме дека храната ни дава енергија. Со помош на таа енергија создаваме топлина што ни помага да ја регулираме телесната температура.

Многумина претпоставуваат дека поради ова, луѓето имаат поголема потреба од храна во студените месеци, а јадат помалку во летните. Истовремено, во лето сигурно повеќе сакате да консумирате „полесна“ храна. Се разбира, постојат и многу други фактори што влијаат на вашите навики на исхрана, апетит и ситост.

Нашето тело е интелигентно. Тоа може да ги одреди приоритетните биолошки процеси во склад со условите и да делува на нив. Во текот на летото топлината ја одзема влажноста на телото, а телото настојува да ја исфрли водата во облик на пот за да ја регулира телесната температура. Поради ова, во текот на летото полесно можете да дехидрирате.

Но, каква врска има ова со апетитот и чувството на глад? Имено, делот од мозокот познат како хипоталамус е одговорен за контрола на овие два процеса. Штом ќе препознае глад и го регулира апетитот, хипоталамусот има улога и на термостат на човечкото тело.

Кога телото се обидува да се поти, хипоталамусот почнува да го потиснува апетитот со обид да го намали оптеретувањето. Поради тоа, во текот на летото чувствувате помалку глад.

Најважно е да го слушате вашето тело и да го избегнувате прејадувањето. Исто така внесувајте доволно течности за да не дехидрирате.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg