3-дневна диета – План за исхрана кој подмладува и го чисти телото од токсини

Наместо скапи креми, еднаш на месец до два, испробајте го овој тип на исхрана, кој подмладува, ја затега кожата и ги исфрла токсините од телото.

3-dnevna-dieta-plan-za-ishrana-koj-podmladuva-i-go-cisti-teloto-od-toksini-001.jpg

Неопходно е да внесувате многу течности додека се придржувате до овој план на исхрана, најмалку 10 чаши вода дневно.

Секој ден се започнува исто, со 300ml топла вода со малку лимон.

Менито за сите 3 дена е исто и изгледа вака:

Појадок во 8h

  • Омлет од 3 белки и 1 жолчка со 150g варен лосос или подготвен на скара, без масло
  • Половина шолја варено овесно млеко
  • Половина чаша свежо шумско овошје

Ручек во 12h

  • 150 до 200g лосос на скара или слабо солена туна од конзерва или сардини во маслиново масло
  • 2 шолји зелена салата зачинета со 1 супена лажица маслиново масло и свеж лимонов сок
  • Половина шолја свежи бобинки

Ужина во 15:30h

  • 2 мали шницли од пилешки гради
  • 4 лешници
  • Половина зелено јаболко

Вечера во 19:00h

  • 150g печен лосос
  • 2 шолји зелена салата со маслиново масло и лимон
  • Аспарагус, брокула или спанаќ на пареа, зачинети со маслиново масло
  • Половина шолја боровинки

Ужина пред спиење

Важно е да внимавате да не си легнувате со полн стомак. Последниот оброк треба да го јадете барем половина час пред спиење.

Порција зачинета салата од следните состојки:

  • Краставица, араме алга (неколку лесно сварени листови), ренданa келераба, 4-5 бадеми и неколку листови луцерка.

Напомена: Оваа диета се препорачува да се спроведува само еднаш месечно.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg