Салата која треба да ја јадете наместо вечера, ако пробувате да ослабете

Навечер наместо да гладувате, може и да вечерате еден тип на салата која го потпомага слабеењето.

salata-koja-treba-da-ja-jadete-namesto-vechera-ako-probuvate-da-oslabete-001.jpg

Целерот е зеленчук-сојузник во топењето на килограмите, па ако внимавате што јадете со цел да ослабете, вечерата треба да ја замените со оваа салата.

Потребно е:

  • 1 корен целер
  • 1 кисело јаболко
  • 1 морков
  • 1 шака ореви или печени бадеми

Дресинг од:

  • 2 лажички сенф
  • 3 лажички маслиново масло
  • Сок од 1 лимон
  • 1 лажица мед
  • Зачини по желба

Подготовка:

  • Зеленчукот и овошјето изрендајте ги ситно, а јаткастите плодови искршете ги на ситни парчиња. Промешајте.
  • Направете го дресингот така што ќе ги изматите сите состојки и ќе прелиете преку салатата.

Важно – Ако сакате да ослабете, во исхраната мора да внесете целер, и тоа свеж, но секако не треба да очекувате дека ќе се случи магија, туку со тоа само ќе го потпомогнете процесот. Најдобро е од него да правите салати кои ќе ви ги заменат оброците како вечера или ужина. Секако, ова не треба да го практикувате како замена за секој оброк и останатите оброци не треба да бидат храна која ве дебелее.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава