6 пијалаци кои ќе ви помогнат во слабеењето

Покрај балансираната исхрана, во мисијата да ги стопите „зимските“ вишок килограми, може да ви помогнат 6 пијалаци.

6-pijalaci-bez-koi-ne-mozete-da-oslabete-001.jpg

Не треба да ги замените оброците со нив, туку само да  ги вметнете во менито.

Обидете се да комбинирате барем 2-3 од овие пијалаци во текот на денот:

1. Сокови од зеленчук

Имаат многу помалку шеќер од овошните сокови, а содржат витамини и влакна кои ќе ве заситат.

2. Црн чај

Изобилува со кофеин, а може да помогне и да го намалите апетитот. Докажано е дека помага при разградувањето на масни наслаги.

3. Кефир

Кефирот е пробиотик кој ви помага да останете сити, а има низок удел на масти.

4. Зелен чај

Состојките во зелениот чај го тераат телото да согорува калории без многу активност.

5. Млеко од соја

Со овој пијалак важно е да не претерувате количински, па добро е да го вклучите одвреме-навреме во неделното мени.

6. Смути од боровинки

Најчесто се прави од ½ шолја растително млеко, шолја боровинки, 1 банана и малку вода. Изобилува со антиоксиданси кои го чистат телото.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава