„Се обидов да се хранам како Роналдо – не издржав ниту една недела, а се здебелив и се изморив од готвење“

„Беше здодевно да готвам постојано и ми одзема многу време. Оваа диета нема да ви помогне да изгледате како Роналдо“ – вели новинарот што се обидел една недела да се храни како познатиот фудбалер.

Se-obidov-edna-nedela-da-se-hranam-kako-Ronaldo-ne-izdrzav-nitu-edna-nedela-a-se-zdebeliv-i-se-izmoriv-od-gotvenje-01.jpg

Кристијано Роналдо во вторникот сруши уште еден рекорд и стана играчот со најмногу постигнати голови во Европските првенства. Но, неговиот успех се должи на посветеност и работа и секако големи напори за да го одржи телото во топ форма.

Тој е познат по работната етика, велат дека прв се појавува на тренинг, а последен си оди, но освен тоа се придржува и до строго утврдена диета што му помага да се покаже во најдобро светло за време на натпреварите.

Неговата диета се состои од шест оброци дневно. Тој за појадок јаде разни видови сувомеснати производи и сирења со јогурт. По ова за ужина зема тост со авокадо.

Вообичаено јаде двапати за ручек. Првиот пат јаде салата со пилешко, а вториот пат јаде риба или некоја замена во прилог со салата, јајца и маслинки.

Навечер Роналдо повторно има два оброци. Или ќе продолжи со риба – туна или бакалар – или ќе јаде парче стек или пилешко.

Тоталната енергетска вредност на она што го консумира дневно е околу 3.200 калории.

Освен тоа што се придржува до строго утврден распоред на исхрана, се знае дека избегнува преработени шеќери и алкохол. Но, дали некој од вас би се обидел да ја држи оваа диета и да се храни како познатиот фудбалер!?

Фудбалскиот новинар Барнаби Лејн се обидел да го прави тоа една недела, а за тоа какви се неговите впечатоци пишува во статија објавена на Insider.

Во продолжение проследете го неговото искуство:

Првото нешто што требаше да го направам е да одам во шопинг. Ми требаше МНОГУ храна. Во мојата кошница имаше: четири телешки кременадли, шест чадени филети од бакалар, пилешко филе и огромен избор од сувомеснати производи и сирења.

Исто така купив 30 јајца, јогурти, авокадо, аспарагус, пиперки, мешана салата и многу маслинки. Вкупно потрошив околу 120 долари за производите. Излезе дека храната не ми беше доволна за цела недела, но сепак успеав да го поминам најголемиот дел.

Следниот ден го започнав со сувомеснати производи и сирења за појадок. Иако не изгледаат убаво како оние на Роналдо, сепак беше мошне лесно да се подготви. Ако се додадат маслинките (што ги нема во кадарот) тоа беше мошне заситувачки оброк и како бонус се чувствував како да сум на одмор.

Вака го започнував секое наредно утро од неделата и навистина тоа беше мојот омилен дел од диетата. Исто така ми се допаѓаше и ужината – авокадо на тост, иако веќе се чувствував прејаден.

Se-obidov-edna-nedela-da-se-hranam-kako-Ronaldo-ne-izdrzav-nitu-edna-nedela-a-se-zdebeliv-i-se-izmoriv-od-gotvenje-02.jpg

Освен што има екстремно здрава исхрана, се знае дека Роналдо спие по шест пати дневно. За жал мојот уредник не ми дозволи да го искусам ова. Потоа следеше ручекот. За првиот ручек (околу 14.00) имав пилешка Цезар салата со маслинки и брускети (но без прелив).

За вториот ручек (околу 16:00) имав чаден бакалар со тврдо варени јајца и, секако, уште маслинки. За пиење зедов овошен сок и вода.

Se-obidov-edna-nedela-da-se-hranam-kako-Ronaldo-ne-izdrzav-nitu-edna-nedela-a-se-zdebeliv-i-se-izmoriv-od-gotvenje-03.jpg

До овој миг, иако храната беше вкусна и свежа, веќе се чувствував прејаден – а следуваа уште два оброци. Со оглед на тоа што Роналдо вежба многу и го користи целото „гориво“, одлучив и јас да го направам истото.

Иако не бев во можност да тренирам исто како него, сепак се обидов да вклучам некои од неговите вежби во мојата програма. Ова ми беше мошне тешко, не само затоа што сум 12 kg потежок од Роналдо, туку и затоа што се чувствував како да сум полн со храна.

Двете вечери беа борба и тоа не само за мојот стомак. Моите први две вечери беа едноставни: стек и аспарагус на скара, двапати. Иако првата ме засити, откако претходно добро се изморив во теретаната, со втората вечера, како и за време на ручекот, се чувствував дека на сила се хранам.

Освен тоа, приготвувањето и јадењето две вечери одзема многу време иако не станува збор за комплицирана храна. Додека да ги зготвам и да ги изедам двете вечери веќе беше 22 часот и требаше да си легнам. Роналдо како мултимилионер го нема овој проблем, тој има личен готвач што готви за него.

Se-obidov-edna-nedela-da-se-hranam-kako-Ronaldo-ne-izdrzav-nitu-edna-nedela-a-se-zdebeliv-i-se-izmoriv-od-gotvenje-04.jpg

За да се опуштам зедов безалкохолно пиво. Следниот ден ја повторив истата рутина, но ги измешав оброците и не отидов во теретана.

Појадокот и ужината беа исти, но за двата ручеци имав две салати. За вечера имав две порции бакалар, аспарагус и пасирана репка. Повторно немав проблем со вкусот на храната – сè беше вкусно. Ама самата количина храна и времето што ми беше потребно за да ги приготвам оброците си зедоа данок. А имав уште пет дена.

Издржав следните четири дена, готвев и јадев шест оброци дневно, додека одев на моето постојано работно место и се обидував да го живеам нормално животот.

Четири дена, 24 оброци, без нездрави ужини и уште две сесии во теретана. При крајот на неделата веќе имав проблеми. Немав место каде да ја сместам целата таа храна, немав време за да ја зготвам и се борев да не се откажам и само да си нарачам достава. Притисокот се зголемуваше, а не само во мојот стомак. Се откажав на последниот ден.

Поминав шест дена хранејќи се како супер спортист и сфатив дека тоа е доволно време за да сфатам дека тој начин на исхрана не е за мене. Дополнително почна Лигата на шампионите, а јас сум голем обожавател на Челзи. Немаше шанси да јадам чаден бакалар додека го гледам натпреварот, па затоа го направив она што би го направил секој нормален човек и зедов неколку пива.

Не само што заврши неделата кога бев роб над шпоретот, туку и Челзи победи, што беше шлаг на тортата. Иако тоа што внесов поздрава храна во мојата диета ми помогна многу, избегнувањето алкохол и шеќери ми помогна да се чувствувам посвежо и имав повеќе енергија во текот на денот. Ама не е лесно да се јаде толку многу.

Тоа што јадев толку многу и немав време целосно да го потрошам горивото само ме здебели. Иако се здебелив малку, сепак се изненадив. Но, тоа се случува кога јадеш 3.200 калории дневно, а трошиш само 2.000.

Освен тоа, овој начин на исхрана е скап – дефинитивно не можам да си дозволам да трошам по 100 долари неделно само за мојата исхрана. Беше здодевно и ми одзема многу време. И да бидеме јасни, за оние што мислат да се обидат – оваа диета нема да ви помогне да изгледате како Роналдо.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg