„Семафор“ диета - здрав начин на исхрана кој не бара да се откажете од омилената храна

Дали сте слушнале за класификација на храната инспирирана од боите на семафорот? Веројатно првото нешто на коешто ве асоцира е поделба на храната по бои, но што се крие позади овој концепт?

sto-znaeme-za-sistemot-na-semafor-ishrana-01.jpg

Во 1970-тите, лекарот и професор Ленард Епстајн смислил концепт за децата со прекумерна тежина, со цел да им помогне полесно да одредуваат кои намирници можат да ги јадат во поголемо, а кои во помало количество. Концептот е мошне едноставен и за разлика од строгите диети, дозволува секаква храна, сè додека сте умерени.

Од друга страна, постои уште еден концепт инспириран од боите на семафорот, кој сигурно сте го забележале на налепниците на повеќето намирници.

Со овој концепт лесно можете да проверите дали некоја храна има многу или малку штетни состојки, како заситени масти.

И двата концепта се одлична алатка која ќе ви помогне да се храните поздраво, без многу ограничувања.

Што означуваат боите на семафорот според концептот на Ленард Епстајн?

Зелената боја ги означува намирниците со генерално ниска калорична вредност, како и намирници богати со корисни хранливи материи. Оваа храна треба да се јаде најчесто.

Со жолта боја се означени намирниците со поголема калориска вредност и помалку корисни хранливи материи. Овие намирници треба да се јадат умерено.

Црвената боја е за храна со многу калории, масти и шеќери, а малку корисни хранливи материи. Ова е храната што треба да се јаде што е можно поретко.

Како да познаете која боја е одредена храна?

Во првата катеогрија, односно намирници кои се означени со зелено светло, спаѓаат интегрални продукти, овошје и зеленчук, „здрави“ протеини како риба, пилешко и јајца, како и млечни производи со ниска масленост.

Намирниците означени со жолто светло треба да се консумираат еднаш, најмногу двапати неделно. Во оваа категорија спаѓа храна како леб, тестенини, месо, благи намирници кои немаат многу додаден шеќер и мармалад или џем.

Храната означена со црвено светло треба да се јаде еднаш до двапати месечно. Овде спаѓаат благи намирници со многу шеќер, пржена храна, благи пијалаци и преработени месни продукти, како салами.

sto-znaeme-za-sistemot-na-semafor-ishrana-04.jpg

Предлог оброци според овој концепт

Појадок

Оброци што можете да ги јадете секое утро: Интегрални житарки со млеко и овошје; интегрален двопек со путер од кикиритки, јогурт и овошје; омлет со зеленчук

Оброци што може да ги јадете 1-2 пати неделно: Вафли или палачинки; тортилја со зеленчук и кашкавал; мафини

Оброци што можете да ги јадете само неколкупати месечно: Сланина и пржени јајца; крофни; житарици со многу шеќер

Ручек

Оброци што можете да ги јадете секој ден: Сендвич со интегрален леб, туна или пилешко и салата; печено пилешко со салата; зелена салата со варени јајца и интегрален леб

Оброци што можете да ги јадете 1-2 пати неделно: Пица со кашкавал; тестенини со доматен сос; хамбургер и печени компири

Оброци што може да ги јадете само неколкупати месечно: Помфрит; тестенини со многу кашкавал; сендвичи со преработени месни продукти

Вечера

Оброци што можете да ги јадете секоја вечер: Салата со масло за јадење или зеленчук на пареа; печена риба или пилешко; интегрален ориз или интегрални тестенини

Оброци што можете да ги јадете 1-2 пати неделно: Парче пица со кашкавал и салата; тестенини со мелено месо и салата

Оброци што можете да ги јадете само неколкупати месечно: Пица со преработени месни продукти; храна со многу шеќер; печива

sto-znaeme-za-sistemot-na-semafor-ishrana-004.jpg

Што означуваат боите на семафор на налепниците на храната?

Веројатно имате забележано дека на многу продукти има налепници со боите на семафорот на кои можете да го најдете процентот на заситени масти, сол, шеќери и слично.

И ова е концепт инспириран од боите на семафорот, но малку се разликува од начинот на исхрана што го спомнавме претходно.

Први што почнале да го користат и да го применуваат овој концепт се Британците, кога во 2013 година почнале да ги класифицираат производите според нивната хранлива вредност.

Односно, боите означуваат дали во одреден продукт има многу или малку од некоја хранлива состојка што треба да ја избегнуваме, како шеќери, заситени масти и сол.

Ако хранливата состојка е обележана со зелена боја, тоа значи дека ја има во мали количини. Ако е со жолта - ја има во умерени колични, а ако е со црвена - ја има во многу големи колични.

Колку повеќе хранливи состојки се обележани со зелена боја, толку е продуктот поздрав и подобар за вас.

На пример, на сликата подолу, мастите (fat) и заситените масти (saturates) се означени со зелена боја, што значи ги има во помало количество.

Количеството сол (salt) е обележано со жолта боја, што значи е умерено, додека шеќерите (sugars) се со црвена боја и значи дека ги има премногу.

Процентите, пак, покажуваат колкав процент од дневниот препорачан внес има од хранливата состојка. На пример, 4% масти значи дека има 4% од препорачаниот дневен внес.

sto-znaeme-za-sistemot-na-semafor-ishrana-003.jpg

Секако, кога ги гледате овие налепници, треба да ја земете предвид и грамажата - на самата налепница е нагласено дали броевите се однесуваат на целото пакување, на 100 грама, на 150 грама...

М. У. Т. Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg