4-те најкорисни совети за слабеење, според докторка која ослабела 45 килограми

Не бројте калории, туку фокусирајте се на количеството шеќер и задолжително спијте по седум часа секоја вечер - што друго советува докторката Еми Хосода, која ослабела 45 килограми и успеала да ја задржи оптималната тежина?

4-te-najkorisni-soveti-za-slabeenje-spored-doktorka-koja-oslabela-45-kilogrami-01.jpg

Вишокот килограми се мошне чест проблем. За повеќето е речиси невозможно да најдат време за одење во теретана или готвење здрави оброци, па не е ни чудно што толку многу луѓе водат битка со килограмите.

Сепак, некогаш доволно е да промениме некои ситници во секојдневието и да почнеме да се фокусираме на други работи за да се ослободиме од килограмите.

Доктор Еми Хосода речиси целиот живот имала проблем со вишокот килограми.

4-te-najkorisni-soveti-za-slabeenje-spored-doktorka-koja-oslabela-45-kilogrami-05.jpg

Пробувала сè и сешто, а на крај сфатила дека строгите диети не се решение и потребни се мали промени во нејзините навики.

Докторката успеала да ослабе 45 килограми и да ја задржи идеалната тежина, а сега ги споделува советите што најмногу ѝ помогнале:

Обрнете внимание на количеството шеќер, а не бројот на калории

Еми вели дека секогаш го проверува количеството шеќер во храната.

Внесувањето многу шеќер секогаш резултира со дебелење бидејќи телото го складира вишокот како масти.

Истовремено, прекумерно внесување шеќер го зголемува ризикот од дијабетес.

Кога станува збор за калории, бројот што треба да го внесеме дневно зависи од многу фактори, вклучувајќи физичка активност и метаболизам.

Ова значи дека не можеме сите да се ограничиме на ист број калории, па залудно е да ги броиме.

Исто така, докторката истакнува дека не сите калории се исти. Односно, само затоа што некоја храна има мал број калории, не значи дека е добра за вас или дека не содржи вишок шеќери кои се поголеми виновници за дебелеење.

4-te-najkorisni-soveti-za-slabeenje-spored-doktorka-koja-oslabela-45-kilogrami-04.jpg

Пијте многу вода

Докторката вели дека мора да научите да правите разлика помеѓу жед и глад - некогаш кога мислите дека сте гладни, поверојатно е да сте само жедни.

Количеството вода што треба да го пиеме зависи од нашата тежина, па Еми советува да искористите едноставна формула за да го одредите.

Треба да ја помножите вашата тежина со 0,033. Ова значи дека за секој килограм, треба да пиете по 0,033 литри вода.

Па, ако имате 60 килограми, тогаш би требало да испиете околу два литри вода.

Но, ако имате проблеми со здравјето, како болести на срцето или бубрезите, или ниско ниво на натриум, треба да се консултирате со лекар за количеството вода што треба да го пиете.

4-te-najkorisni-soveti-za-slabeenje-spored-doktorka-koja-oslabela-45-kilogrami-06.jpg

Спијте доволно

Поради брзиот начин на живот, неретко страда и нашиот сон.

А, недостатокот од сон предизвикува замор, а со тоа и глад. Ова значи дека кога не спиеме доволно, настојуваме да јадеме повеќе од потребното.

Пробајте да спиете барем седум часа секоја вечер, а ако имате проблеми како несоница, задолжително консултирајте се со експерт.

4-te-najkorisni-soveti-za-slabeenje-spored-doktorka-koja-oslabela-45-kilogrami-02.jpg

Дајте им предност на вежбите за зајакнување на мускулите

Еми вели дека иако повеќето луѓе вежбаат аеробик или кардио за слабеење, таа забележала дека во нејзин случај, многу повеќе помогнале вежбите за зајакнување на мускулите.

Зајакнувањето на мускулите е особено важно за луѓето постари од 50 години, кои можат да почнат да се соочуваат со губење на мускулна маса, па дури и проблем со движењето.

4-te-najkorisni-soveti-za-slabeenje-spored-doktorka-koja-oslabela-45-kilogrami-03.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg