Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи

Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови, тогаш едноставниот коктел Рики Џин ќе ве освои. Погледенете како можете да подготвите и вкусен коктел со џин-тоник и лубеница.

popularni-kokteli-so-djin-vistinsko-osvezhuvanje-vo-toplite-letni-nokji-01.jpg

Доколку и вие сте од оние што сакаат коктели со џин, тогаш мора да ги пробате овие три.

Три рецепти за коктели што можете да ги подготвите за седенките со пријателите или на забавите:

Негрони

Потребни состојки:

  • 30ml џин;
  • 30ml вермут;
  • 30ml кампари;
  • Парче портокал.

Начин на подготовка:

  • Сите состојки се ставаат во изладена чаша полна со мраз;
  • Мешајте со лажица додека пијалакот да се олади;
  • Декорирајте со парче портокал.

popularni-kokteli-so-djin-vistinsko-osvezhuvanje-vo-toplite-letni-nokji-02.jpg 

Рики Џин

Потребни состојки:

  • 60ml џин;
  • 15ml свежо исцеден сок од лимета;
  • 90ml минерална вода;
  • 2 резенки лимон.

Начин на подготовка:

  • Во висока чаша се става крукче лимон и мраз;
  • Се додава џин, сок од лимета и минерална вода;
  • Се меша полека со сламка и се декорира со резенки лимон.

 popularni-kokteli-so-djin-vistinsko-osvezhuvanje-vo-toplite-letni-nokji-04.jpg

Коктел од џин-тоник со лубеница

Потребни состојки:

  • 90мл сок од лубеница;
  • 120ml џин;
  • 180ml тоник;
  • Сок од 2 лимети;
  • Парчиња лубеница и лимета.

Начин на подготовка:

  • За да направите сок, парчињата лубеница се ставаат во блендер, а потоа се процедуваат со цедалка;
  • Во две чаши се става мраз, па сок од лубеница, џин, сок од лимета и на крај се додава тоник;
  • Коктелите се декорираат со парчиња лубеница и лимета.

popularni-kokteli-so-djin-vistinsko-osvezhuvanje-vo-toplite-letni-nokji-03.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава