3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е одлична за подобрување на хидратацијата во топлите денови.

Водата со лимон, краставица, нане или ѓумбир е еден од најпопуларните велнес трендови со години, а социјалните мрежи се полни со рецепти што ветуваат „детоксикација“, согорување масти, подобрен метаболизам или рамен стомак.
Но, во реалноста, „асоматизираната“ вода нема вакви придобивки, ниту пак постојат реални докази дека водата со краставица, нането или лимон може да го исчисти телото подобро од чашата обична вода.
Најголемата придобивка од ова е што водата има подобар, па некогаш и несвесно посегнуваме по уште една чаша, особено ако сте од оние луѓе кои не пијат доволно вода во текот на денот.

Затоа, однапред да ви најавиме - не очекувајте чуда од водата со некаков додаток, но пијте ја зашто е освежителна, поздрава од соковите и ќе ви помогне да останете хидрирани во најголемите горештини.
Кога подготвувате ароматизирана вода, не треба да се мешаат десет состојки - два или три свежи додатоци се сосема доволни за да ѝ дадат на водата пријатен вкус.
Овие три едноставни комбинации се лесни за правење, освежителни се, а можеби ќе ве поттикнат да пиете повеќе вода во текот на денот:
Лимон и ѓумбир
Ѓумбирот е една од состојките која има потврдени ефекти за подобро варење на храната или намалување на мачнината.
А водата со вкус на ѓумбир, освен што може да се пие постојано, најсоодветна е за по консумирање голем, калоричен оброк или кога чувствувате тежина во стомакот.
Потребни состојки:
- Сок од еден лимон
- Неколку тенки резанки лимон
- Мало парче свеж ѓумбир
- 1l вода
Подготовка:
- Изрендајте, ситно исечкајте или малку згмечете го ѓумбирот.
- Додадете го во водата заедно со сокот од лимон и неколкуте парчиња лимон.
- Оставете ја водата во фрижидер неколку часа за да се спојат вкусовите.
- Доколку имате чувствителен стомак или киселината ви предизвикува непријатност, ставете помала количина лимон и ѓумбир во водата.

Краставица и нане
Ова е веројатно најпознатата комбинација и особено е пријатна во текот на жешките денови.
Краставицата ѝ дава на водата благ, свеж вкус, додека нането додава дополнителна арома.
Потребни состојки:
- ½ краставица
- Неколку листови нане
- 1l литар вода
Подготовка:
- Исечете ја краставицата на тенки парчиња за побрзо да ја ослободи својата арома.
- Нежно протријте ги листовите нане меѓу прстите или малку згмечете ги, па
- ставете сè во бокал со вода и оставете го во фрижидер помеѓу два и четири часа.

Портокал и лимон
Љубителите на цитрусни вкусови можат да комбинираат портокал и лимон со водата.
Добиениот пијалак е освежителен, малку кисел и многу поинтересен од обичната вода.
Потребни состојки:
- 1 портокал
- 1 лимон
- 1l вода
Подготовка:
- Добро измијте го овошјето и исечете го на тенки тркалца.
- Додадете ги во бокал со вода и оставете го да отстои околу два часа.
- После тоа, извадете ги парчињата или барем отстранете ја кората, бидејќи долгото стоење може да ослободи горчлив вкус.
- Запомнете: Водата со вкус на цитрус не треба да се смета за замена за свежо овошје.

Колку долго може да трае ароматизираната вода?
Водата со свежо овошје, зеленчук и билки треба да се третира како свеж пијалак.
Чувајте ја во фрижидер и пијте ја истиот ден, а потоа фрлете ја.
А. Ј. | Црнобело