Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот

Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака го уништувате вкусот на кафето. Дали и вие сте вљубеници во турско кафе?

kako-pravilno-se-vari-tursko-kafe-poradi-nekolku-greski-koi-site-gi-pravime-go-unistuvame-vkusot-01.jpg

Домашното, турско или македонско кафе - напивката кој традиционално се подготвува во секое домаќинство на Балканот, обично се пие наутро и често е мерило на умешноста на домаќинката.

При варењето на оваа омилена напивка на многумина, се прават грешки кои го уништуваат вкусот.

Ако кафето е добро сварено, на шега се вели дека девојката што го направила „може да се омажи“, што би требало да значи дека ја погодила вистинската пропорција на кафе, вода и по потреба шеќер.

Без оглед на тоа колку сте вешти во подготовката на кафе, веројатно постојат неколку чекори во процесот кои оставаат простор за подобрување.

Варење кафе на турски начин

За подгототвка на вкусно турско кафе, згрејте една шолја вода во ѓезве, па тргнете ја од оган. Никако не ја оставајте да зоврие.

Дел од водата префрлете во шолја, а во ѓезвето додадете лажичка кафе.

Промешајте да нема грутчиња, па повторно вратете го ѓезвето на оган и кога кафето ќе дојде до работ од ѓезвето, повторно тргнете го од оган и додадете ја водата што ја ставивте во шолјата. Повторно вратете го на рингла и почекајте да зоврие.

После сите овие чекори, кафето е подготвено за послужување.

Доколку сакате засладено кафе, најдобро е шеќерот да го додадете додека водата е сѐ уште студена.

kako-pravilno-se-vari-tursko-kafe-poradi-nekolku-greski-koi-site-gi-pravime-go-unistuvame-vkusot-03.jpg

Варење кафе на босански начин

Босанскиот начин на подготовка на кафето е следниов: кафето се става во едно ѓезве, а во друго се става вода да зоврие. Откако водата ќе зоврие, ѓезвето со кафе се става на оган малку да се загрее, па потоа се прелева со зовриената вода.

Се промешува и се вари додека не се крене до работ на ѓезвето. 

kako-pravilno-se-vari-tursko-kafe-poradi-nekolku-greski-koi-site-gi-pravime-go-unistuvame-vkusot-02.jpg

Во македонските домаќинства кафето најчесто се подготвува така што се става шолја вода и шеќер доколку е потребно да зовријат во ѓезве, а потоа се додава една лажица кафе. Откако течноста ќе се подигне се префрла во шолја за кафе и се послужува. 

Во некои од домаќинствата кај нас, додека водата е сѐ уште студена се става една лажица кафе и шеќер по потреба, па ѓезвето се става на оган и се чека кафето да се подигне, па се послужува.

Овие два начина на подготвување кафе се сметаат за погрешни, бидејќи кафето не треба да се додава во премногу студена или премногу врела вода.

kako-pravilno-se-vari-tursko-kafe-poradi-nekolku-greski-koi-site-gi-pravime-go-unistuvame-vkusot-06.jpg

Ова се најчестите грешки кои сите ги правиме додека вариме кафе:

Користиме вода од чешма

За варење кафе се користи флаширана односно филтрирана вода. Водата од чешма содржи хлор, кој може да го униши мирисот и вкусот на кафето.

Вариме на погрешна температура

Температурата на водата е исклучително важна. За време на готвењето, треба да биде помеѓу 90°C и 95°C.

Користењето термометар е најлесниот начин да проверите дали водата е доволно топла, но доколку го немате, можете да ја зовриете водата и и да ја оставите да отстои околу 30 секунди пред да го додадете кафето.

kako-pravilno-se-vari-tursko-kafe-poradi-nekolku-greski-koi-site-gi-pravime-go-unistuvame-vkusot-08.jpg

Ставаме премногу кафе

Луѓето често додаваат премногу кафе за да добијат посилен вкус, но ако ставите премногу, ризикувате да добиете горчлив вкус. Освен тоа, повеќе кафе во шолјата нема да го направи посилно.

Златното правило е 1 лажица кафе за 1 шолја вода.

Со премногу мешање се уништува вкусот на кафето

Ако се дозволи кафето неколкупати да се издигне до работ на ѓезвето, се губи пената и се менува вкусот на кафето;

Мешањето откако кафето ќе биде сварено и тргнато од оган исто така ќе го промени вкусот на пијалокот.

С. Ш. | Црнобело /

фото: pexels.com, unsplash.com

Би можело да ве интересира:

Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
Хит-рецепт за освежување: Ледено кафе со банани (видео) Овој рецепт ќе им стане омилен на оние што денот го започнуваат со кафе и банана...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg