Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките
-->
Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут... За следното дружење со другарките изберете еден од трите популарни коктели инспирирани од Барби треската што го зафати светот.
„Секоја вечер е вечер за забава на девојките!“, му вели Барби на Кен во мега популарниот филм на Грета Гервиг.
-->
Подгответе и вие оригинални коктели инспирирани од Барби треската што го зафати целиот свет и уживајте во забавите со девојките.
Малибу Барби
Потребни состојки:
- 30ml Малибу ликер (со вкус на кокос);
- 30ml сок од калинка;
- 30ml сок од грејпфрут.
Начин на подготовка:
- Земете висока чаша и наполнете ја со мраз;
- Ставете ликер од кокос и дополнете со сок од калинка и сок од грејпфрут и промешајте.
- Коктелот можете да го декорирате со парче ананас или шеќер и розова прехранбена боја.
Барби мимоза
Потребни состојки:
- 30ml розов џин;
- 1 лажичка Martini Rosso;
- 15ml сок од розов грејпфрут;
- 60ml розово шампањско.
Начин на подготовка:
- Се зема висока чаша и се полни со мраз, па се ставаат сите состојки освен шампањското и се мешаат додека убаво да се оладат;
- Коктелот се префрла во чаша за шампањско и се додава шампањско.
Life in Plastic (Пластичен живот)
Потребни состојки:
- 30ml розов џин;
- 15ml St. Germain ликер;
- 15ml сок од лимон (свежо исцеден);
- 90ml сок од калинка;
- Шампањско (за дополнување).
Начин на подготовка:
- Во шејкер се ставаат џинот, ликерот, сокот од лимон и сокот од калинка и се мешаат 30-тина секунди;
- Добиениот коктел се става во висока чаша, се додава мраз и на крај се дополнува со шампањско.
-->
-->
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка
Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно
Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак
Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото
Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак
Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...
Коктелот „Сино око“ е хит во Грција - како да го направите дома?
Кога во ресторан или бар ќе ви го донесат коктелот Mati, ќе ви кажат дека тој не...