Варено вино – модерна варијанта

Во серијата топли напитоци за студени денови овој пат ви предлагаме варено вино во модерна варијанта. Прочитајте како да го подготвите....

vareno-vino-moderna-varijanta-01.jpg

Потребни состојки:

  • 1 l црно вино (може суво или полу суво, какво ќе одберете вие)
  • 0,2 l вода
  • 1 портокал (може и две мандарини)
  • 1 јаболко
  • 5-7 лажици шеќер (по вкус)
  • Малку цимет (на врв од лажиче)

Подготовка:

Неизлупениот портокал и јаболко исечете ги на тркала (може и на коцки).

Во тенџере ставете ги сите состојки и варете на среден оган. Кога ќе зоврие, тргнете го тенџерето. Виното е готово.

Служете го без овошје, во шолја за чај, а може да се пие и студено, како сакате! Добро е на тацната да ставите салфета.

Уживајте! Преубаво е!

Би можело да ве интересира:

3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...

Најчитани неделава