3 есенски коктели што ќе ве натераат да заборавите на летото

Есенски џин-тоник со вкус на цимет и коктел со мед и круши – вкусовите на есента одлично ги надополнуваат омилените коктели.

3-esenski-kokteli-shto-kje-ve-nateraat-da-zaboravite-na-leto-01.jpg

Можеби поради високите температури тешко ни е да поверуваме дека есента е овде, но ако веќе ви е „преку глава“ од лето, можеби овие коктели ќе ве внесат во есенско расположение.

Три есенски коктели:

Есенски џин-тоник

Потребни состојки:

  • 60ml џин
  • 120ml тоник
  • Сируп од цимет
  • Стапчиња цимет
  • Мраз

Начин на подготовка:

  • Во шејкер ставете мраз, па додајте ги џинот и сирупот од цимет и добро промешајте.
  • Во чаша ставете мраз, додајте го пијалакот од шејкерот, па дополнете со тоник.
  • Украсете со стапчиња цимет.

3-esenski-kokteli-shto-kje-ve-nateraat-da-zaboravite-na-leto-02_copy.jpg

Коктел со круши и брусница

Потребни состојки:

  • Шампањ
  • 120ml сок од круши
  • 2 лажици сушена брусница

Начин на подготовка:

  • Ставете ги брусниците во сад со две лажици топла вода и оставете да отстојат 15 минути.
  • Прецедете ги и оставете ги да се изладат.
  • Во чаша ставете го сокот од круши, па изладените брусници и на крај дополнете ја со шампањ.

3-esenski-kokteli-shto-kje-ve-nateraat-da-zaboravite-na-leto-03.jpg

Коктел со мед и круши

Малку покомплициран од останатите два, но вреди да го пробате ако имате повеќе време за приготвување.

Потребни состојки:

  • 6 круши
  • Мед
  • Балсамико оцет
  • Цимет
  • Мускатно оревче
  • Јаболков сок или вода
  • Екстракт од ванила
  • Шампањ
  • Кафеав шеќер
  • Свеж рузмарин за декорација

Начин на подготовка

  • Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и обложете ја тавата со хартија за печење.
  • Исечете ги крушките на четвртини или половини и отстранете ги семките.
  • Во мала чинија измешајте по една лажица мед, балсамико оцет и цимет. Додајте малку мускатно оревче.
  • Премачкајте ги крушите со смесата, па ставете ги да се печат во загреана рерна околу 20-25 минути или додека не добијат златнокафеава боја.
  • Откако ќе се изладат, ставате ги во блендер.
  • Додајте екстракт од ванила, јаболков сок (колку да добиете течна смеса) и блендирајте додека не добиете хомогена смеса.
  • Ставете го сокот од круши во голем стаклен сад за сервирање и додајте едно шише шампањ (околу 750ml) и добро измешајте.
  • Пред да го послужите, ставете кафеав шеќер на работ на чашата, па во неа ставете го коктелот.
  • На крај украсете со свеж рузмарин.

3-esenski-kokteli-shto-kje-ve-nateraat-da-zaboravite-na-leto-04.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Популарни коктели со џин - вистинско освежување во топлите летни ноќи Ако сте од оние што не сакаат премногу измешани вкусови тогаш едноставниот кокте...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Ледено кафе со парченца чоколада – Нов хит рецепт за освежителен пијалак Потребно е малку повеќе време за да се подготви, но сигурно ќе ви се допадне, ак...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg