3 рецепти за греено вино (што ќе ве стоплат во студените ноќи)
Сте пробале ли греено вино со капини или со јаболка? Пробајте нови рецепти за омилениот есенски и зимски пијалак.

Грееното вино е идеално за студените есенски и зимски денови, а некои од овие рецепти сигурно ќе ви бидат од корист ако планирате седенки со пријателите или блиските и сакате да подготвите топол пијалак што на сите ќе им се допадне.
Можете класичниот рецепт за греено вино да го збогатите со вкус на портокал или јаболко и да добиете сосема поинакви и вкусни пијалаци.
Во продолжение 3 рецепти за греено вино што сигурно ќе ви се допаднат:
Греено вино со јаболка
Потребни состојки:
- 2 стапчиња цимет;
- 3 каранфилчиња;
- 3 кисели јаболка;
- 100g шеќер;
- 1 голема лажица сок од лимон;
- 2 шишиња црвено вино.
Начин на подготовка:
- Излупете ги и исечкајте ги јаболката;
- Стапчињата цимет и каранфилчето ставете ги во парче газа што е двојно превиткано и врзете ги со конец;
- Импровизираната вреќичка со зачини се става во тенџере, па се додаваат виното, исечканите јаболка, сокот од лимон и шеќерот;
- Тенџерето се покрива со капак и се вари на тивок оган. Запомнете, температурата треба да биде доволно ниска за виното да не испарува, но доволно топла за да се соединат зачините;
- Виното се вари околу 1 час, а пред сервирање се вади вреќичката со зачини.

Варено вино со капини
Потребни состојки:
- 1 шише црвено вино;
- 6 каранфилчиња;
- 4 ѕвездички анасон;
- 2 стапчиња цимет;
- 2 портокали (излупени и исечкани на крукчиња);
- 5 големи капини;
- 50g шеќер.
Начин на подготовка:
- Виното се става во тенџере заедно со сите зачини;
- Се остава да се крчка на тивок оган од 5 до 10 минути, за да се соединат зачините;
- Се додаваат шеќерот и портокал исечен на крукчиња;
- Се остава да се крчка уште 10-тина минути, по што се процедува и се послужува.

Божиќно варено вино
Потребни состојки:
- 1 шише црвено вино;
- 1 портокал (излупен и исечкан на крукчиња);
- 8 каранфилчиња;
- 2 ѕвездички анасон;
- 2 големи лажици мед;
- 60ml коњак.
Начин на подготовка:
- Виното, коњакот, зачините, парчињата портокал и медот се ставаат во големо тенџере;
- Се меша за состојките да се соединат, па се остава да се вари на тивок оган околу 1 час;
- Се процедува од овошјето и зачините и се служи топло;
- По потреба може да се загрее пред послужување.

Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...