Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка
Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката совршено се вклопува со сите други состојки – Едноставен рецепт за коктел од вотка и калинка.

Ако сте љубители на коктели и сакате да експериментирате со вкусовите, тогаш ќе го обожавате овој коктел. За подготовка не ви требаат многу состојки, а ќе го направите за кратко време.
Сокот од калинка истовремено ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека, пак, вотката совршено се вклопува со сите други состојки.
Но, доколку не сте обожавател на вотка, слободно испробајте го овој рецепт со џин, текила или рум.

Потребни состојки:
- 60-90ml вотка (зависно од тоа дали сакате послаб или посилен вкус)
- 60ml сок од калинка
- Сок од ½ лимета
- 180ml минерална вода

Начин на подготовка:
- Наполнете го шејкерот за коктели со мраз до самиот врв.
- Потоа ставете ја вотката, сокот од лимета и сокот од калинка.
- Протресете добро и истурете во 2 чаши за коктел во кои претходно сте ставиле мраз.
- Одозгора ставете минерална вода.
- Послужете со парче лимета и уживајте!
М. Ѓ | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...