Колагенско кафе за подмладување: Кои се ефектите и како да го направите?

Џенифер Анистон и Кортни Кардашијан се само дел од светските ѕвезди кои не останаа рамнодушни на кафето кое стана хит. Кои се придобивките од колагенското кафе и зошто е толку популарно?

kolagensko-kafe-za-podmladuvanje-koi-se-efektite-i-kako-da-go-napravite-01.jpg

Таканареченото колагенско кафе е кафе во коешто е додаден колаген и кое ја прави кожата затегната и сјајна.

Многу често познатите личности го истакнуваат овој пијалак како една од тајните за убавината и младешкиот изглед.

kolagensko-kafe-za-podmladuvanje-koi-se-efektite-i-kako-da-go-napravite-02.jpg

Како што е познато, по дваесет и петтата година колагенот во телото се намалува, па ова е совршен пијалак кој ќе ви помогне во негувањето на кожата. Колагенот го спречува развојот на брчки и целулит.

Ако сакате да пробате колагенско кафе, можете да го направите и сами. Потребно е само да купите колаген во прав.

Секогаш имајте на ум дека треба да купувате висококвалитетни колагенски продукти од реномирани производители.

Важно е да знаете дека мит е дека постои вегански колаген бидејќи тој има само животинско потекло.

Можно е да постојат вегански алтернативи со слични својства, но важно е да знаете дека тоа не е колаген.

kolagensko-kafe-za-podmladuvanje-koi-se-efektite-i-kako-da-go-napravite-04.jpg

Како да направите колагенско кафе?

Една или две лажици колаген во прав едноставно измешајте ги во кафе. Прочитајте го упатството од производителот и придржувајте се до препорачаната доза.

Препорачливо е да се додава во веќе изладеното кафе бидејќи во топли пиајалци молекуларната структура на колагенот може да се уништи и со тоа ги намалува посакуваните здравствени придобивки.

Колагенот е важен за здравјето на нашата кожа, коски и зглобови, па затоа се препорачува утрото да го започнете со овој пијалак.

kolagensko-kafe-za-podmladuvanje-koi-se-efektite-i-kako-da-go-napravite-03.jpg

Се смета дека ова кафе со колаген е безбедно да се консумира и за време на бременост и лактација. Состојките не претставуваат никаква штета ниту за мајката ниту за бебето.

Но, доколку сте бремена или доите, секогаш треба да се консултирате со лекар пред да воведете нешто ново во исхраната.

Треба да знаете и дека не само една доза би можела да доведе до резултати, туку колагенот во прав треба да се зема секојдневно и во подолг временски период.

Треба да ги следите упатствата на производителот бидејќи некои луѓе се алергични на колаген во прав направен од риба. Затоа, внимателно читајте го упатството.

Ако забележите какви било несакани дејства од колагенот, престанете да го земате и консултирајте се со вашиот лекар.

В. К. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Како правилно се вари турско кафе? Поради неколку грешки (кои сите ги правиме) го уништуваме вкусот Ставате премногу кафе и дозволувате неколкупати да ви проврие во ѓезвето... Вака...
Хит-рецепт за освежување: Ледено кафе со банани (видео) Овој рецепт ќе им стане омилен на оние што денот го започнуваат со кафе и банана...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg