ПМС, холестерол - За што сè е добар чајот од маточина?

Чајот од маточина има пријатен вкус, а нуди цела низа здраствени придобивки - од ублажување на симптомите на ПМС, до ублажување на симптоми предизвикани од напнатост и стрес.

caj-od-matocina-pridobivki-01.jpg

Доколку решите денот да го започнете со чај од маточина дефинитивно нема да погрешите.

Чајот од маточина лекува депресија и мигрена, стомачни нарушувања предизвикани од нервна напнатост и слично.

caj-matocina-02_copy.jpg

Бројните истражувања покажуваат дека оваа билка е број еден растение за смирувачки, мирен и квалитетен сон кој уште го носи епитетот билка за „емоционално исцелување“.

Ова повеќегодишно растение потекнува од јужна Европа и Медитеранот. Кога се користи надворешно, има антимикробно дејство, особено против херпес.

Освен тоа маточината се препорачува на луѓето кои имаат висок холестерол, висок крвен притисок, респираторни нарушувања, ревматизам…

caj-matocina-03_copy.jpg

Овој топол пијалак успешно делува кога станува збор за симптоми на ПМС. Покрај тоа, помага и при менструални проблеми бидејќи ги отстранува болките и грчевите во долниот дел на стомакот.

Делотворен е за смирување на тегобите во желудникот бидејќи го регулира нормалното лачење на желудочната киселина. Спречува грчеви во стомакот, гадење и повраќање, а воедно го чисти телото од токсини.

caj-matocina-04_copy.jpg

Периодот кога цвета маточината е цело лето, од јуни до септември.

Чајот од маточина лесно можете да го подготвите доколку имате сува маточина во својот дом. Во 2 дл зовриена вода ставете кафена лажичка сушени билки и оставете да отстои 5 минути.

После тоа потребно е да се процеди, а добиениот пијалак можете да го пиете трипати на ден.

caj-matocina-05_copy.jpg

Не треба да го консумираат оние кои имаат проблеми со тироидната жлезда, бремените жени и доилките без претходна консултација со лекар.

В. К. | Црнобело / фото: istockphoto.com

Би можело да ве интересира:

Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
Рецепти за 3 розови Барби коктели, идеални за летните дружби со пријателките Барби коктели со вкус на кокос, џин или вермут. За следното дружење со другаркит...
Еспресо шприцер: Новиот омилен пијалак за ова лето, на сите вљубеници во кафето Ако сте љубител на кафе, еспресо шприцер одличен избор за да ги задоволите вашит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg