3 освежителни пијалаци што ќе ви помогнат да загубите килограми

На сите ни е познато дека во борбата со вишокот килограми зашеќерените пијалаци се најголем непријател, затоа би можеле да пробате некои од овие три рецепти.

3-osvezhitelni-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-zagubite-kilogrami-01.jpg

Се верува дека овие 3 пијалаци го забрзуваат варењето на храната во организмот, помагаат при детоксикација и на тој начин го забрзуваат губењето на вишокот килограми, а истовремено ќе ви помогнат и да се освежите за време на летните горештини.

Доколку ви е смачено постојано да пиете само чиста вода, пробајте некој од овие три пијалаци:

Вода со ким

Потребни состојки:

  • 250ml вода;
  • ½ лажиче ким;
  • Сок од лимон;
  • 1 лажиче мед.

Начин на подготовка:

  • Водата се загрева и се претура во стаклен сад или тегла, па во неа се додава кимот;
  • Затворениот сад се остава да отстои преку ноќ и следното утро се процедува, па му се додава сок од лимон и мед по желба.

3-osvezhitelni-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-zagubite-kilogrami-02.jpg_copy.jpg

Вода со грчко семе

Потребни состојки:

  • 250ml вода;
  • 1-2 мали лажички грчко семе.

Начин на подготовка:

  • Грчкото семе се става во загреана вода и се остава да отстои преку ноќ, или најмалку 4 часа;
  • Следното утро се процедува и се консумира на гладен стомак;
  • Доколку не можете да ја пиете чиста, слободно можете да додадете лажичка мед.

3-osvezhitelni-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-zagubite-kilogrami-04_copy.jpg

Вода со цимет и мед

Потребни состојки:

  • 500ml вода;
  • 1 лажиче цимет;
  • 2 лажички мед.

Начин на подготовка:

  • Водата се зоврива и ѝ се додава цимет;
  • Се прекрива и се остава да отстои додека да се олади;
  • Се додава мед и се пие пред спиење.

3-osvezhitelni-pijalaci-shto-kje-vi-pomognat-da-zagubite-kilogrami-03_copy.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3 пијалаци кои го забрзуваат варењето на храната (за да имате рамен стомак) Доколку имате проблем со варењето на храната и постојано се чувствувате подуени,...
По рецепт на нашите баби: Како се подготвува ораховка или ракија со млади ореви? Знаете ли како се прави познатата ракија со млади ореви, позната и како ораховка...
Едноставан рецепт за коктел од вотка и калинка Сокот од калинка ќе даде сладок, но и малку кисел вкус, додека пак вотката соврш...
Рецепт за греен џин со тропско овошје ако сакате да пробате нешто различно Греениот џин (Glüh Gin) со тропско овошје е одлична замена за класичното варено ...
Вирален празничен коктел кој изгледа како снежна кугла – се прави и без алкохол (видео) За овој коктел кој изгледа волшебно ќе ви требаат само три состојки – малку вода...
3 пијалаци што треба да ги пиете пред спиење ако сакате рамен стомак Овие пијалаци можете да ги пиете пред спиење за да го забрзате метаболизмот и по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg