4 рецепти за пијалаци со кафе што ќе ве стоплат оваа есен
Кафе со вкус на кокос, но и кафе со таан алва – 4 рецепти за оние кои сакаат да експериментираат со кафето.

Топло кафе и книга или омилената серија додека го пиете – за тмурните есенски утра, нема подобра комбинација.
А, ако сакате да експериментирате со вкусовите на кафе, вреди да ги пробате следниве рецепти:
Кафе со вкус на кокос
Потребни состојки:
- 200ml кокосово млеко
- 70ml еспресо
- 2 лажички ванилин шеќер
- 1 лажичка кокос
Начин на подготовка:
- Загрејте го кокосовото млеко, додајте го ванилиниот шеќер и мешајте додека да се направи пена.
- Врз млекото со пена додајте го жешкото кафе и промешајте.
- Ставете го кафето во чаша за пиење и наросете со кокос.
Зачинето лате
Потребни состојки:
- 200ml млеко
- 100ml еспресо
- 50ml вода
- 50g шеќер
- Прстофат ѓумбир, цимет и ванила
Начин на подготовка:
- Во тенџере (или ѓезве) ставете ги водата, шеќерот и зачините и оставете смесата да зоврие, па тргнете ја од шпорет.
- Ставете го млекото во мало тенџере, стоплете го и тргнете го од шпоретот.
- Почнете да го мешате со маталка (или блендер за кафе) за да направите пена.
- Во чаша ставете ја прво смесата со вода и зачини, па кафето, па млекото.
- Послужете без да мешате.
Чоколадо капучино
Потребни состојки:
- 100ml млеко
- 100ml капучино (може инстант)
- 1-2 лажици крем од лешник и чоколадо (како Нутела)
Начина на подготовка:
- Направете го капучиното според упатството на амбалажата.
- Додека кафето е жешко, додајте го кремот од чоколадо и лешник.
- Направете пена со млеко (како во претходниот рецепт) и истурете ја врз кафето, без да го мешате.
Кафе со таан алва
Потребни состојки:
- 200ml кафе (може инстант или еспресо)
- 100ml блага хопла
- 2-3 лажички таан алва
- 1 лажица топла вода
Начин на подготовка:
- Изгмечете ја алвата со виљушка за да добиете хомогена смеса.
- Ставете ја хоплата во тенџере (или ѓезве) и откако ќе зоврие, додајте ги кафето и алвата.
- Измешајте го пијалакот со блендер за кафе.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
3 лесни рецепти за вода со вкус - најдобра хидратација во текот на летните денови
Водата со овошје, билки или ѓумбир нема да го исчисти телото од токсини, но е од...