Необични коктели со пиво
Мислевте дека пивото само по себе е највкусно и нема начини како да го измешате во коктел? Овие вкусни коктели ви го докажуваат спротивното.

Кога температурите ќе се зголемат, а вие немате идеја со што да ги разладите вашите најблиски, подгответе им еден од овие девет највкусни коктели со пиво.
Пивопијците ќе уживаат со сите сетила, а оние кои не се негови обожаватели ќе бидат позитивно изненадени.
1. Black velvet - 1 шише Guinness пиво и пенливо вино

2. Chelada - 1 шише светло пиво, многу лед и 1 свежо цеден лимон

3. Blood Orange Shandy - 1 шише светло пиво, свежо цеден сок од портокал и малку ликер од портокал

4. Red Eye - 30мл вотка, 180 мл изладен сок од домат и 350 мл светло пиво

5. Guinness Cream Soda - 150 мл ликер од ѓумбир, 150 мл ликер од ванила, половина литар минерална вода, половина литар темно пиво

6. Steamroller - 25 мл свежо цеден сок од лимон, 25 мл виски, ликер од цреша, лед, ситно сецкан лимон и 1 литар светло пиво

7. Coup de Ville - текила, сок од лимон, сок од портокал, ликер од портокал, светло пиво

8. Bulldog - откако ќе подготвите стандардна маргарита, додадете пиво и парчиња зелен лимон

9. Hangman's Blood - 20 мл џин, 20 мл рум, 20мл виски, 20мл бренди, темно пиво и 50 мл пенливо вино
